Почесна артилериска стрелба вечерва во Скопје
По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, вечерва во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде извршена почесна артилериска стрелба, информираат од Генералштабот на Армијата. Стрелбата ќе започне во 19 часот, а припадниците на Артилерискиот баталјон на Армијата ќе истрелаат 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден …
Continue Reading
Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино
Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и пожарникари. В.д. градоначалникот на Брвеница, Роберт Милошески, изјави дека пожарот бил пријавен околу пладне, по што била побарана брза реакција од локалната противпожарна единица. „Реагираа брзо, но пожарот се префрли во густата шума. Беше локализиран со помош на ‘ер тракторите’“, …
Continue Reading
(Видео) Голем пожар кај Милетино се заканува кон селото, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево
Голем пожар избувна кај Милетино, во Општина Брвеница, и се заканува кон селото, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. За гаснење на пожарот се ангажирани „ер тракторите“, а на терен се и тетовските пожарникари. Според Ангелов, пожарникарите се обидуваат да го гаснат пожарот во шумата, но станува збор за високоризичен и тешко пристапен терен, поради што …
Continue Reading
(Видео) Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“
Она што со години стоеше заглавено, денес конечно се придвижува. Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“!, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „По истекот на рокот за иселување на семејствата чии имоти беа опфатени со завршената експропријација, создадени се услови да продолжиме со следниот, клучен чекор кон неговото отворање. Овој мост предолго беше симбол на …
Continue Reading
Заврши санацијата на мостот на Маркова Река, од утре целосно отворен за сообраќај
Јавното претпријатие за државни патишта ги известува граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените места Драчево, Зелениково, Батинци итн.,дека ја заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвиднеиот рок и дека од утре, 05.09.2026 година, мостот ќе биде во целосна функција. Имено, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата на мостот на Маркова Река …
Continue Reading
Меџити: Почнува реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“, еден од клучните инфраструктурни проекти
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беа на терен на делницата каде следната недела ќе започнат работите за реконструкција на булеварот „Мит’хат Фрашери“, еден од клучните инфраструктурни проекти за Чаир. Точките за реализација на проектот се веќе поставени и сè е подготвено за почеток на работите. Проектот опфаќа делница долга над …
Continue Reading
Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“
Премиерот, Христијан Мицкоски, присуствуваше на почетокот на изградбата на спортската сала во ООУ „Братство“ во Општина Карпош. „Се наоѓаме повторно денеска на два нови проекти коишто, со вклучен данок на додадена вредност, се отприлика околу 100 милиони денари — два проекти коишто имаат за цел да го олеснат начинот на функционирање на жителите од овие населени места. Од друга страна, …
Continue Reading
(Видео) Години на ренесанса, Бутел бележи силен развој со рекордни инвестиции, се пофали Костовски
Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски на денешната прес-конференција истакна дека работи макотрпно во општината и дека проектите се видливи. Направени се како што рече, многу проекти, нови улици, паркови, нови спортско-рекреативни комплекси и игралишта. Според него, Општина Бутел доживеа вистинска промена. „Во изминатата година работевме посветено, одговорно и со јасна цел – Бутел да биде поуреден, побезбеден, почист и подобро …
Continue Reading
Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби
Општина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година. Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и секојдневните училишни активности. „Со проектот …
Continue Reading