(Фото) Општина Аеродром: Бесплатни униформи за 𝟩.𝟧𝟢𝟢 ученици

Општина Аеродром и оваа година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците што до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта. „Со ова создаваме еднакви услови за сите деца, а истовремено им помагаме и на семејствата полесно да го започнат новиот учебен период“, велат од Општината. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска ги посети учениците во ООУ …

Continue Reading

Општина Илинден: Основното училиште „Браќа Миладиновци“ подготвено ја започна новата учебна година

ООУ „Браќа Миладиновци“ новата учебна година ја дочека подготвено, со подобрени услови за учениците и унапредена училишна инфраструктура. Во изминатиот период беа реализирани повеќе активности насочени кон создавање современа, функционална и пријатна средина за учење, извести Општина Илинден. Увид во реализираните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека во училиштето се реновирани три училници и целосно …

Continue Reading

Левица: Успесите на Митески – училиштата во Аеродром должат 39 милиони денари

„За нешто повеќе од две години под раководство на градоначалникот Дејан Митески долговите на училиштата во Општина Аеродром рипнаа од околу 3 милиони денари на 39 милиони денари. За споредба, во Општина Чаир која важи за една од најлошо водените општини, сите училишта должат 22 милиони денари“, велат од Левица Аеродром. „Најпоразително е што училиштата не трошат пари за апсолутно …

Continue Reading

Општина Карпош: Подобрување на условите во предучилишните установи

Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Аеродром и Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · Во период од 09:00ч до 14:00ч корисниците на дел од улицата 11 и улицата 1, општина Илинден; · Во период од 09:00ч до 14:00ч корисниците на улицата Милан Зечар, улицата Вангел Тогоровски, улицата Пандил Шишков, улицата Руди Чајковец, општина Аеродром.

Continue Reading

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе останат: · поради дефект на приклучна цевка од ф -150 мм, на улицата Дана Стуцки бр.18 (населба Центар). Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисници: дел од булеварот Гоце Делчев, дел од Македонска телевизија, и населба Крњево, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните …

Continue Reading

Утре јавна презентација на Нацрт ДУП-от за Барутана

Општина Центар ги известува граѓаните дека утре, 3 септември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар, барака 6, ќе се одржи јавна презентација на Нацрт – Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана. На јавната презентација граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со предложените плански решенија и да добијат повеќе информации за …

Continue Reading

„Нека е аирлија, Скопје доби градски воз“: Ѓорѓиевски најави и испорака на нови автобуси

Скопје денеска доби градски воз, со што се отвора ново поглавје во развојот и модернизацијата на јавниот превоз во главниот град, оценува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Според објавата, градскиот воз на релацијата Транспортен центар Скопје – Зелениково, во должина од околу 25 километри, е пуштен во употреба во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер …

Continue Reading

(Фото) Тргна Градскиот воз, периферијата се поврзува со центарот на Скопје

Со симболичното патување на релацијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје денеска официјално беше пуштена во функција првата фаза од проектот „Градски воз“, со кој периферните населени места и општини се поврзуваат со централното подрачје на Скопје. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, …

Continue Reading