Муцунски на отворање на спортски комплекс во Лисиче: Колку што Владата се обидува да не кочи, толку помотивирани сме да работиме

„Денес го отвораме новиот спортско рекреативен комплекс во Лисиче, локација која што ја посетивме уште за време на кампањата за локалните избори и која беше дива депонија. Искрен да бидам оваа локација пред две години изгледаше на земја од третиот свет. Сите жители на оваа општина заслужуваат и нивните деца и нивните семејства да имаат еднакви услови за рекреација, за …

Continue Reading

(Видео) Ристов: Левица со жив ѕид ќе ги брани интересите на карпошани од самоволието на Jакимовски

„Градоначалникот Стевчо Јакимовски против правно потпишал одобрение за спорната парцела на која е вцртана 28 катница. Овој акт претставува груба злоупотреба на службената положба и овластување, со тоа што Советот на Општина Карпош лани изгласа одлука за задолжување на градоначалникот и на Општината да запрат со издавање градежни дозволи, за забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП-от во …

Continue Reading

Без струја денеска дел од општините Бутел, Ѓорче Петров и Центар

ЕВН Македонија известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Ѓорче Петров и Центар. Во периодот од 06.00 до 15.00 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од населба Визбегово, дел од корисниците од ул.2, како и дел од објектите лоцирани околу фирмата Пантер – Мис во општина Бутел. Како што информираше ЕВН, во периодот од …

Continue Reading

Во 235 станбени објекти има дефекти за пристап до топлина, потрошувачите навреме да ги отстранат пречките , апелира ЕСМ

Со цел овозможување на редовна и квалитетна испорака на топлинска енергија на почетокот на грејната сезона, ЕСМ упатува апел до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична …

Continue Reading

Освен на Водно, бесплатен паркинг на другите зонски паркиралишта, соопшти ЈП „Градски паркинг“

По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, јавните паркиралишта ЗОИЛ, „Тутунски комбинат“ и „8 Септември“ ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта) исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува редовното работно време 9 до 16 часот. Јавните паркиралишта, пак, „Дом на …

Continue Reading

Арсовска: По три децении, седум населени места со повеќе од 11.000 жители во општина Сарај добиваат квалитетно водоснабдување

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска извршија увид на градежните активности и го промовираа проектот за подобрување на системот на водоснабдување на 7 населени места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семениште и Чајлане, во општина Сарај. Реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект е со цел подобрување на водоснабдувањето во градот и решавањето …

Continue Reading

Бесплатен паркинг на повеќе места на Градски паркинг, освен на Водно

За време на утрешниот празничен ден, по повод 11-Октомври, Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 …

Continue Reading

Герасимовски: Од Општина Центар започнува промоцијата на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата

Од Општина Центар започнува промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК на барање на родители чии деца имаат дијагностициран дијабетес тип 1. Прирачникот е наменет за воспитниот и наставниот кадар и има за цел да ги запознае вработените со основните постулати на дијабетесот, терапевтските можности и …

Continue Reading

Герасимовски: Вечерва има само една дестинација, концертот „Нешто што ќе остане“ во Паркот на франкофонијата

Општина Центар за првпат организира музички хепенинг насловен „Нешто што ќе остане“ кој ќе се случи вечерва во Паркот на Франкофонијата, со почеток од 19 часот. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани на одлична забава и дружење. „Вечерва има една дестинација, а тоа е одличната забава во Паркот на Франкофонија која започнува од 19 часот. Општина …

Continue Reading