Општина Бутел: Проектирање на секундарната водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен

Денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со одговорните лица од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ извршија увид во активностите за изградба на систем за водоснабдување во Љубанци и Љуботен и почеток на проектирање на секундарната водоводна мрежа. „Овој проект ќе биде реалност и градска вода за пиење ќе има секој дом. Изградбата на водоводната мрежа и поврзувањето со градскиот …

Continue Reading

Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар, вака Ѓорѓиевски го води Скопје, велат од СДСМ

Пливачките клубови во Скопје повторно немаат каде да работат. Јавните базени се затвораат, се отвораат за камера и повторно се празнат. Децата и спортот чекаат термини што ги нема, истакнуваат од СДСМ. Град со повеќе од половина милион жители функционира, додаваат од оваа партија, како пливањето да е луксуз, а не јавна услуга. „Мицкоски сечеше ленти. Базенот во Кисела Вода …

Continue Reading

Герасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар, поддршка за талентот, успехот и развојот на младите

Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително се доделуваат стипендии на осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик. Висина на стипендиите во категориите култура, наука, техника и посебни вештини, изнесува 4.000 и 4.500 денари месечно, додека за спортските стипендии …

Continue Reading

Без вода утре, улицата „Ацо Караманов“ во Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека на ден 17.09.2026 година ( четврток )поради дефект на приклучна цевка 5/4 на ул.Ацо Караманов 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)

Continue Reading

Скопје добива модерен и еколошки градски транспорт, Ѓорѓиевски објави дека е распишан тендерот за БРТ системот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е распишана тендерската постапка за предквалификација за проектот за брз автобуски превоз (БРТ), во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Беше навистина тешко изминатиот период да се надминат сите пречки и предизвици кои беа поврзани со овој проект, но благодарение на целиот тим во Градот Скопје, благодарение на ЕБОР …

Continue Reading

​ Голема акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“: собрани 3 тона отпад

Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“. Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во населбата Драчево. За ефикасно и …

Continue Reading

Герасимовски: Street Food Picnic по вторпат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава

Паркот на Франкофонија од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на второто издание на Street Food Picnic, тридневен настан кој ќе понуди добра храна, музика и содржини за целото семејство. Овогодинешното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе можат да уживаат во разновидна гастрономска понуда, музичка програма и …

Continue Reading

Од вечерва до сабота ќе се прска против возрасни форми на комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, …

Continue Reading

Герасимовски: Живите статуи повторно во Центар, десет години „Статуафест – Другото лице на улицата“

Општина Центар најавува нов перформанс на Театроск „Статуафест – Другото лице на улицата“. Фестивалот годинава го слави своето десетто, јубилејно издание. Ќе се одржи на улицата „Македонија“ и на плоштадот „Македонија“ на 17, 18 и 19 септември, со почеток во 18.30 часот. „Театроск е долгогодишен партнер на културната сцена на нашата општина. Години наназад, проектот „Центарски улици“ со своите живи …

Continue Reading