Без струја делови од општините Петровец и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата 1 и улицата 5 (и Кипер Маркетот), општина Петровец; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Ваташа, општина Кисела Вода.
Continue Reading
ГРОМ за новата кривична против Јакимовски: Зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми?
ГРОМ најостро ја осудува денешната нова кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски. „Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции. Јавноста не е наивна. Граѓаните гледаат што се случува и со право …
Continue Reading
Кривични пријави против Стевчо Јакимовски и две вработени во Општина Карпош
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски за „несовесно работење во службата“. Кривични пријави се поднесени и против раководителка и вработена во Секторот за урбанизам во Општина Карпош за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Како што соопшти МВР, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со …
Continue Reading
Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
Општина Центар спроведе координирана акција за темелно чистење на јавниот простор спроти објектот на „Нова Македонија“, познат меѓу скопјани како Парк на новинарите. Акцијата ја спроведоа општинските инспекциски служби, во координација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) и Полициската станица – Центар. На локацијата години наназад се населуваат бездомни лица со импровизирани шатори, се трупа смет и ѓубре, а …
Continue Reading
ЗНАМ: Водно интензивно неколку децении е пошумувано, сега, за интересите и апетитите на неколкумина, треба да се уништи она што со генерации се правеше и одржуваше
Водно беше гола планина. Во минатото се случувало голема маса на вода и земја да се спуштаат низ падините и стигнувале до околните населби нанесувајќи материјална штета и доведувајќи ги во опасност животите на граѓаните, велат од ЗНАМ. Од партиката потсетуваат дека со цел да се заштити градот и жителите од ерозија, Водно интензивно неколку децении е пошумувано. Сега, како …
Continue Reading
Тврдењата дека децата се враќаат од настава поради недостиг на асистенти, се целосно неточни: училиштата од Аеродром деменатираат дека е хаос со образовни асистенти
По повод објавениот текст со наслов „Хаос е со образовните асистенти во Аеродром: Децата ги враќаат од училиште, родителите оставени на цедило“, како основни општински училишта чувствуваме морална и професионална одговорност да информираме за вистинската состојба и целосно да ги демантираме дезинформациите кои внесуваат непотребна вознемиреност кај родителите и граѓаните, се истакнува во демантот од училиштата од Oпштина Аеродром. Од …
Continue Reading
Камениот мост добива нов сјај, започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување, објави Ѓорѓиевски
Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот, соопштија од Град Скопје. Проектот, како што е нагласено, има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје. „Постојат места во …
Continue Reading
Општина Кисела Вода: Напредува реконструкцијата на атмосферскиот канал „Црн Канал“ во Драчево
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на атмосферскиот канал „Црн Канал“, на потегот од улица Малешевска 1 до Мала Рада, во КО Драчево 2. Станува збор за клучен инфраструктурен проект за Општина Кисела Вода што ќе овозможи поквалитетен систем за атмосферски води и ефикасна превенција од поплави. Проектот се реализира …
Continue Reading
Општина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површини
Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно работат на терен и се грижат за хигиената во општината. Се косат тревниците, се чистат и уредуваат улиците и пешачките патеки, се собира отпадот, а се средуваат и дрвјата и гранките на повеќе локации, истакнуваат од општината. Паралелно, како што велат, продолжува расчистувањето на дивите депонии, со цел создавање почиста, …
Continue Reading