Герасимовски: Во понеделник спроведуваме нова вонредна дератизација во Центар, претходната беше спроведена пред само еден месец

Општина Центар информира дека редовно врши дератизација и дезинсекција на подрачјето на целата општина, со цел заштита на здравјето на граѓаните и превенција од заразни болести. Од почетокот на годината Општината спроведе редовна пролетна дератизација на целата своја територија, како и две вонредни акции на локации каде што беше забележано зголемено присуство на глодари. Новата вонредна дератизација ќе се спроведе …

Continue Reading

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“. Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот …

Continue Reading

Дигитален увид во мерење на бучавата: секој може да алармира кога ќе забележи надминување на дозволените граници вели Герасимовски

Општина Центар е прва општина во државата која на граѓаните им овозможува директен дигитален увид во мерењата на бучавата преку општинскиот ГИС-портал, информираат од таму. Со новата услуга, како што е наведено, граѓаните можат да ја следат состојбата на 30 локации низ општината, каде што се поставени мерни уреди за бучава, и на својот компјутер да проверат дали измерените вредности …

Continue Reading

Крводарителска акција во ЗОО Скопје на 19 септември

Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош, во соработка со Зоолошка градина Скопје, организира крводарителска акција која ќе се одржи во сабота, 19 септември 2026 година, во Едукативниот центар на ЗОО Скопје. Акцијата ќе се одвива во периодот од 11:00 до 18:00 часот, а целта е да се поттикне хуманоста и солидарноста меѓу граѓаните и да се даде …

Continue Reading

„Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина“, велат од ЗНАМ

„Теренот на Водно каде се предвидува изградба на населба со хациенди бара сложени и извонредно скапи градежни зафати. ​Доколку се прифати предлог ДУП-от за Барутана, Општина Центар ќе биде обврзана да го уреди градежното земјиште, да се направат две нови улици и да ја изгради неопходната водоводна и канализациона инфраструктура“, велат од ЗНАМ. „​Парите кои би се собрале од комуналиите …

Continue Reading

И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со „Киноверзум“, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“. Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по …

Continue Reading

ВЛЕН: Ветувањето за стадионот на ФК Башкими станува реалност

„Спортот е една од областите во кои инвестирањето во инфраструктурата директно создава нови можности за децата и младите. Во таа насока, во Куманово официјално започнаа градежните работи за целосна реконструкција на помошниот стадион на ФК Башкими, проект кој две децении беше ветуван, но досега остануваше само на хартија“, велат од ВЛЕН. „Со започнувањето на работите, ова ветување се претвора во …

Continue Reading

Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини во општина Центар

Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа. Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се …

Continue Reading

(Фото) Општина Аеродром: По неколку децении – нов сјај за „Три бисери“

Општина Аеродром продолжува со уредување и модернизација на јавните површини. Градоначалникот Дејан Митески и пратеничката Катерина Димитровска денеска извршија увид во тековните активности кај „Три Бисери“, каде што просторот по неколку децении добива целосно нов изглед, но, што е најважно, побезбедни и пофункционални услови за сите генерации. Станува збор за простор со голема фреквенција на граѓани во текот на целиот …

Continue Reading