Герасимовски: Среќна и успешна учебна година, да учиме за другарувањето и ги почитуваме разликите

„Денес е посебен ден, ново поглавје во вашите животи, денот кога го започнувате вашето училишно патување. На сите вас ви посакувам многу успех во учењето, многу нови пријателства и безброј насмевки. Основните училишта не се само места каде што се стекнувате со знаење, туку и места каде што се градат најдрагоцените пријателства, првите симпатии, и се поставуваат темелите на вашите …

Continue Reading

Градоначалникот Александар Георгиевски им подари училишни ранци на сите првачиња во Општина Илинден

Новата учебна година успешно започна со сите училишта на територија на Општина Илинден. Училиштата подготвени ги отворија вратите за околу 2000 основци и над 300 средношколци, а за прв пат во училишните клупи седнаа околу 170 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани 68 средношколци. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски по повод почетокот на новата учебна …

Continue Reading

Герасимовски: Исполнето уште едно ветување, нови училници во училиштето „Коле Неделковски“ по цели 66 години

Учебната година во ООУ „Коле Неделковски“ започна со нов дограден дел на училиштето кој вклучува четири пространи и осветлени училници, два кабинети, една библиотека, лифт, тоалет и пристапна рампа за полесен пристап за влез за учениците со посебни потреби. Ова е прва доградба која Општина Центар ја прави по цели 66 години. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на …

Continue Reading

Филипче: Нова инвестиција во училиштето „Коле Неделковски“ по 66 години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан во ООУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар, каде на почетокот на училишна година беа пуштени во употреба нови училници и кабинети. Ова е нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски, после 66 години. „Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издвоија 43 милиони денари за изградба на 4 нови училници, 2 кабинети, една …

Continue Reading

Мицкоски и Стефковски ги пречекаа првачињата во Автокоманда

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска присуствуваа на пречекот на првачињата во ООУ Стив Наумов во Автокоманда. По завршување на пречекот на првачињата, градоначалникот Стефковски, премиерот Мицкоски и министерката Јаневска ги доделија бесплатните училишни униформи кои општина …

Continue Reading

Општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче

„Општина Ѓорче Петров на нашите првачиња им посакува топло добредојде во светот на учењето, каде секоја нова буква и бројка ќе биде нова авантура. И оваа година општината Ѓорче Петров обезбеди прибор и анатомски ранец за секое прваче“, соопшти општината. „Нека вашето патување низ училишните ходници биде исполнето со радост, љубопитност и многу насмевки. Ова е само почетокот на една …

Continue Reading

​Бесплатно ранче за сите 612 првачиња од општина Кисела Вода

612 првачиња од утрово за прв пат седнаа во училишните купи во основните училишта низ Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на приемниот час во ООУ “Партенија Зографски” и во ООУ “Рајко Жинзифов” каде ги поздрави учениците и нивните родители и од каде започна делењето на бесплатните ранци со училишен прибор. Проект “Ранче за секое прваче” кој започна од Општина …

Continue Reading

Приватните превозници на средба со надлежните, ако не се постигне договор ќе бидат уште поригорозни: „Нашите проблеми тешко се решаваат со градоначалничката на Град Скопје

Автобускиот превоз во Скопје од денеска е редуциран. Приватните превозници одлучија да сообраќаат само наутро, од пет часот. Според изјавата на претставник на приватните превозници за „Макфакс“ еден автобус ќе вози само една тура, на една линија. „Денеска редуцирано сообраќаат автобусите со број: 45, 23, 63, 73, 61, 22, 52, 54, 19 и 20“, потврдија од приватните превозници за „Макфакс“. …

Continue Reading

Санкционирани 89 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 26.08. до 01.09.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 89 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и …

Continue Reading