Дел од две скопски населби без вода
Од ЈП Водовод известуваат дека: Поради зафати во водоводната мрежа со пречник Ф-110мм на ул. Охридска 44, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Охридска и Петричка. (Општина Центар) Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм, на ул. Петар Драганов во населба Тафталиџе, од 09:00 часот до санирање на …
Continue Reading
(Видео) Фрлени 53 тони вода врз пожарот на Скопска Црна Гора
Хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше врз пожарот на Скопска Црна Гора, на место викано Рамно. „Во 21 налет исфрлени се 53 тони вода, а активностите за гасење на пожарот продолжуваат“, велат од МВР.
Continue Reading
Ѓорѓиевски учествува во гаснењето на пожарот кај Расадник: Без грижи, никој повеќе нема да гради без план на опожарени површини
Голем пожар го зафати Расадник во Кисела Вода. На помош пристигна и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој заедно со пожарникарите го гаснеа пожарот. „Уште веднаш по добиената информација, заедно со противпожарната бригада на градот Скопје, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и сите расположливи општински ресурси излеговме на терен каде заедно го ставивме под контрола. Во овој момент се …
Continue Reading
Град Скопје предлага помош со изградба на мега парк на опожареното место во Кисела Вода
Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, велат од Град Скопје. „Со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина, апелираме општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска …
Continue Reading
Град Скопје: Започна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на реката Вардар
Отпочна проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, информираат од Град Скопје. „Се започнува со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од Мост Генерал Михајло Апостолски до мостот Близнак, на должина од …
Continue Reading
Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да постави семафори на раскрсницата кај ООУ „Љубен Лапе“
Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на раскрсницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“. „Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила …
Continue Reading
Мицкоски: Со доградбата на детска градинка во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден нема повеќе листи за чекање за упис
За нас како претставници од Владата, од Парламентот, градоначалници, претставува посебна чест и задоволство што објектот којшто го почнавме да го градиме со симболично би рекол поставување камен темелник пред неколку месеци, денеска го гледате завршен, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој му честиташе на градоначалникот за исклучително брзата реализација на ова изборно ветување, ветување со коешто практично во Општина Илинден …
Continue Reading
Герасимовски: Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ ја започнува учебната година со нови смарт табли и клима уреди
Во текот на летниот период, Општина Центар спроведе бројни реконструкции, реновирања и набавка на дигитална опрема во сите осум општински основни училишта. ООУ „Свети Кирил и Методиј“ исто така доби нова опрема – седум смарт табли и десет клима уреди. Со оваа инвестиција, речиси сите училници сега се опремени со клима уреди и со смарт табли. Градоначалникот на Општина Центар …
Continue Reading
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот, односно 40 милиони денари. „Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа само по една тура, сега се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје“, кажа Оливер Петрушевски, приватен превозник …
Continue Reading