Изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во Бучинци
Општина Илинден почна со изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки на детското игралиште ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи. Дополнително во рамки на детското игралиште се гради кошаркарско игралиште со бетонска подлога, кош и партерно уреден …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Сите 230 училници во сите основни училишта во општина Кисела Вода ги опремуваме со пречистувачи на воздух
Општина Кисела Вода ги опремува сите 230 училници во сите основни училишта со пречистувачи на воздух. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја објави оваа значајна мерка која треба значително да помогне во заштита на здравјето на најмладите, како и во создавање на здрави еколошки навики кај нив. -Денеска со задоволство сакам да објавам уште еден значаен чекор во насока на обезбедување …
Continue Reading
Реновирани тоалетите во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” во Кисела Вода
Учениците од ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ” учебната година ја започнаа со реновирани тоалети. Градежните активности траеја во текот на летото и вклучија промена на санитарните елементи, реконструкција на подот, на ѕидовите и плафонот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ова училиште, каде се инвестираше и во изградба на спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг …
Continue Reading
Градежна офанзива во општина Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров информираше за најновата градежна активност. Во моментов се изведуваат работи на асфалтирање на кракците на улица 51 во Стопански Двор, како и краците на улица 31 и улица 49 во Волково. Со овие активности, кои опфаќаат вкупна површина од 2300 м², директно се подобруваат пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани, велат од општината. Градоначалникот Александар Стојкоски …
Continue Reading
Нова ИТ опрема во училиштата во Карпош
Во рамки на Програмата за активностите од областа на образованието при Општина Карпош, денеска, во ООУ ,,Димо Хаџи Димов”, градоначалникот Стевчо Јакимовски, на секое училиште додели целосно нова ИТ опрема. Осовременувањето на наставата со нагледни и дидактички материјали е вистинска потреба во денешно време. Новите училишни програми, налагаат секое училиште да има услови за работа, современи техники при изучување на …
Continue Reading
Герасимовски: Горд сум што ООУ ,,Кочо Рацин” во мојот мандат доби модерна реконструирана спортска сала
Општина Центар овозможи успешен старт на новата учебна година во ООУ ,,Кочо Рацин”, кои добија целосно реконструирана и модерна фискултурна сала. „Реконструкцијата е изведена според најсовремените стандарди, и горд сум што оваа значајна инвестиција во спортската инфраструктура се реализира во мојот мандат. Ова е прва целосна реконструкција на училиштната спортска сала по цели 80 години”, изјави Герасимовски, кој ја искористи …
Continue Reading
Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, општина Гази Баба трета година година по ред организира голем музички настан. Оваа година настанот ќе се оддржи на 5 Септември со почеток во 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда под мотото “Македонија живее”. Од општината информираат дека за настанот е подготвена богата културно – уметничка програма, како и перформанс во …
Continue Reading
Дел од две скопски населби без вода
Од ЈП Водовод известуваат дека: Поради зафати во водоводната мрежа со пречник Ф-110мм на ул. Охридска 44, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Охридска и Петричка. (Општина Центар) Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм, на ул. Петар Драганов во населба Тафталиџе, од 09:00 часот до санирање на …
Continue Reading
(Видео) Фрлени 53 тони вода врз пожарот на Скопска Црна Гора
Хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше врз пожарот на Скопска Црна Гора, на место викано Рамно. „Во 21 налет исфрлени се 53 тони вода, а активностите за гасење на пожарот продолжуваат“, велат од МВР.
Continue Reading