Општина Центар со помош од еден милион денари за повредените и семејствата на загинатите во Кочани

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: 34% од граѓаните живеат надвор од земјата

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска зеде учество на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади. „Демографските предизвици бараат здружен одговор од сите сектори – институции, општини, граѓански организации, но и секој поединец. Локалната самоуправа, како прв контакт со граѓаните, има клучна улога“, нагласи Ѓорѓиевски, …

Continue Reading

Општина Аеродром почна со обнова и реконструкција на училиштата и градинките

Во текот на летниот период интензивно се работи на подобрување на условите во детските градинки и во основните училишта во Општина Аеродром, каде што покрај редовното бојадисување и темелно чистење, се вршат и поголеми зафати, објавија од Општината. Во детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче, беа санирани дел од тоалетите, а целосна реконструкција се направи и на големата тераса …

Continue Reading

Нова детска градинка во Ѓорче Петров

📢 НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО СТОПАНСКИ ДВОР – ИНВЕСТИЦИЈА ВО НАЈМЛАДИТЕ 👶🏽🏫   🏗️ Изградбата на новата детска градинка во населеното место Стопански Двор се одвива со засилено темпо, откако успешно беа надминати одредени пречки кои привремено го забавија текот на проектот.   👧🏼👦🏻 Објектот ќе биде модерен, функционален и наменет за згрижување и едукација на деца во предучилишна возраст. …

Continue Reading

Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.

Continue Reading

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading
Денес и утре неколку населби без струја и вода

Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)

Continue Reading

Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот. Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот. Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.

Continue Reading

Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година. Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во …

Continue Reading