Општина Центар со помош од еден милион денари за повредените и семејствата на загинатите во Кочани


WhatsApp-Image-2025-07-04-at-15.40.25_9215253f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.


„Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила што ја имаме. Нашите мисли се со семејствата кои тагуваат и со сите повредени кои се во процес на опоравување. Им посакувам да останат храбри и да не се предаваат, нека знаат дека не се сами”, рече градоначалникот Герасимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK