Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари

Општина Центар успешно ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад, реализирана во периодот од 15 до 20 февруари на три локации, улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”, соопштија од таму. Вкупно биле собрани: 17 тони кабаст отпад, претежно мебел, врати, градежен шут, прозори, паркети и ламинат. На секоја од трите локации биле поставени контејнери за кабаст отпад, каде секојдневно во …

Continue Reading

Герасимовски: Бизнис информаторот обезбедува лесен пристап до општинските услуги за компаниите и инвеститорите

Општина Центар преку новата интернет алатката Бизнис информатор нуди информации и услуги за сите компании, инвеститори, претприемачи и граѓани кои сакаат да се поврзат со услугите и ресурсите што ги нуди општината. Овој информатор овозможува директен пристап до административни процедури, електронски услуги, стратешки документи и линкови до барања кои им се неопходни на бизнисите за нивен раст и развој. „Бизнис …

Continue Reading

Перински во Ѓорче Петров: Заедно со граѓаните ќе ги надминеме сите предизвици од секојдневното живеење

Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и неговиот заменик, Ерџан Селими, вечерва во Домот на културата во Ѓорче Петров, остварија средба со граѓаните, претставниците на невладиниот сектор, спортските и културните работници, со цел да ги слушнат нивните идеи и предлози во насока на понатамошниот развој на општината. Во конструктивна и …

Continue Reading

Општина Аеродром започна кампања за подигање на свеста за децата со оштетен вид

Под мотото „Подај рака, допри ме и дознај ја мојата приказна“ Општина Аеродром заедно со државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, почна кампања за подигање на свеста за децата со оштетен вид, со цел тие да бидат видливи за сите и да се поттикне заедницата да стане поотворена и поинклузивна. Кампањата стартуваше денеска …

Continue Reading

Герасимовки: Центар ја интензивира акцијата за отстранување хаварисани возила, потпишан договор со колективен постапувач

Општина Центар склучи Меморандум за соработка со колективниот постапувач ДУО Греен Роад ДООЕЛ – Скопје за отстранување на хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Главната цел на соработката е да се олесни и забрза процесот на собирање, регулирање и преместување на отпадните возила кои немаат употребна функција, а воедно и да се подигне свеста кај граѓаните за …

Continue Reading

ЗОО Скопје за последните случувања: Зоонегувателите професионално си ја вршат работата, да престанат дезинформациите и невистините

Зоолошка градина на град Скопје моментално е дом на 646 животни, од 91 видови, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и имаат грижа и љубов кон сите животни, информираат од ЗОО скопје околу последните случувања. Нагласуваат дека се обраќаат до јавноста, со надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини. „И …

Continue Reading

Без вода денеска дел од Центар

РЦУК – Скопје извести дека денеска поради внатрешен дефект и барање од странка за затворање на вода на улицата Кеј 13-ти Ноември бр.8 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Холидеј ИН до поштата. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Continue Reading

Герасимовски: Во тек е акцијата за собирање кабаст отпад, службите се на терен

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е акцијата за собирање кабаст отпад на територија на Општина Центар. На три локации, на улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”, поставени се контејнери за одлагање кабаст отпад. Дополнително, секој жител на Општина Центар може да пријави дива депонија на телефонските броеви: 02/3203-693 и 076/350-767. „Со оваа акција, продолжуваме да се грижиме за …

Continue Reading

Перински во Ѓорче Петров: Продолжуваме со балансиран развој на целата општина за подобра иднина на сите

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Ѓорче Петров, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“. Одржаа работна средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет, на која разменија мислења за актуелните измени на Законот за локална самоуправа, зборуваа за предизвиците со кои …

Continue Reading