Прекинато водоснабдување во дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска на ул. Будимпештанска 26А поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4), со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Осло, Хашка, Будимпештанска и дел од Женевска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.(општина Карпош)
Continue Reading
Во Кисела Вода отворен нов парк со сообраќаен полигон
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, свечено го отвори новиот парк со прв инклузивен сообраќаен полигон во општината, простор наменет за игра, учење и развој на сите деца, вклучително и на децата со попреченост. На местото на поранешниот запоставен простор, општината доби нов, современо уреден простор од околу 1.250 м², лоциран во рамки на Државното училиште за рехабилитација на …
Continue Reading
Арсовска за Чаир: Денес 50 дивоградби, утре уште 50, луѓето не заслужуваат да живеат безбедносно загрозени
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска изјави дека до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. На брифинг со новинарите, Арсовска посочи дека станува збор за згради кои сѐ уште се градат – без документација, без проект, без платени …
Continue Reading
Домашно, квалитетно, подготвено со љубов – дел од менито во градинките во Ѓорче!
-
Новинар
-
July 31, 2025
-
Македонија, Општини, Скопје
-
0 Comments
👩🍳👶 Домашно, квалитетно, подготвено со љубов – дел од менито во градинките во Ѓорче! Оброците за децата во сите градинки на територија на Ѓорче Петров се подготвуваат во централната кујна во објектот „Росица“ – со целосна контрола, планирана и безбедна исхрана. Претходно, ужинките се добиваа од приватни производители, но беше финансиски неоправдана, а квалитетот не ги задоволуваше критериумите …
Continue Reading
Исчистен паркот спроти Нова Македонија
Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите. Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот на просторот. Жителите пријавија случаи …
Continue Reading
(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви
„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета од коловозот и заврши во двор на жител. Само по среќа немаше жртви. Но до кога ќе се потпираме на среќата? Утре тоа може да биде нечиј син, ќерка или родител згмечен на тротоар“, реагираат граѓаните преку социјалните мрежи на …
Continue Reading
Отворена нова градинка „Верверичка“ во Кисела Вода
Во населбата 11 Октомври Згради во општина Кисела Вода денеска беше отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели Цветови“. Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од 6 милиони придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари. Новата градинка се простира на површина од 525 м², …
Continue Reading
Кино сала, театар: Aеродромци за првпат ќе добијат културен центар
Општина Аеродром го добива првиот мултифунционален центар каде аеродромци ќе можат да уживаат во концерти, кино-проекции, мултимедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и голем број други настани, соопштија од општината. Мултифунционалнит центар се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче и ќе претставува место со кое ќе се збогати културниот и социјалниот живот на жителите. …
Continue Reading
Од септември ќе се наплаќа паркирањето во Реонски и во Ново Лисиче, ЈП „Градски паркинг“ подготвен за бележење на зоните
Најдоцна од крајот на септември паркирањето ќе се наплаќа и во Реонски центар и во Ново Лисиче, каде сега паркирањето е бесплатно. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, вели дека за да почне наплата се чека одобрување на проектот. „Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје меѓутоа во координација сме со нив. Зонското паркирање во Реонски …
Continue Reading