Без вода делови од скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска ( четврток) поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. Драгиша Мишовиќ бр. 7, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох и Трифун Пановски, како и корисниците од ул. Бледски Договор лоцирани на потегот …

Continue Reading

Стефковски: Се сеќаваме на поплавите, а следната година ќе откриеме спомен плоча за жртвите и солидарноста

Денес се навршуваат девет години од големите поплави кои ја погодија општина Гази Баба во 2016 година. По повод одбележувањето на годишнината, градоначалникот Стефковски преку социјалните мрежи се обрати до граѓаните. „Поминаа 9 години од големата трагедија која ги погоди Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и другите делови од нашата општина. Тоа беа моменти на страв, болка и загуба, кои засекогаш …

Continue Reading

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем …

Continue Reading

Гори депонијата „Вардариште“, соопшти ЦУК

На територијата на државата евидентиран е еден пожар на отворен простор до 18:00 часот, соопшти ЦУК. Според последните информации од центарот, гори депонијата „Вардариште“ во Општина Гази Баба.

Continue Reading

Му се заканувале по неговиот и животот на фамилијата: двајца скопјани изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик. Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено …

Continue Reading

За една недела, „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да …

Continue Reading

Прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје известува дека денеска ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје. Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од 04.08.2025 година (понеделник) до 07.08. 2025 година (четврток), од 22 до 03 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе …

Continue Reading

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем ќе ги видиш и ти и цела Македонија

Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега кои ги претставува дека се градени до 2011 за да избегнат плаќање комуналии на град Скопје, пишува во објава на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за градоначалникот на Чаир. „Бидејќи сака да спинува со дивоградби кои ги наследил од 2011, кажете …

Continue Reading

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа …

Continue Reading