Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата 15.000 денари, вложуваме во инклузивно образование
Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние со претходно искуство во работа …
Continue Reading
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Continue Reading
„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче
И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на изгорено во воздухот и не се дише. По денешниот протест и кратката блокада кај мостот „Киро Глигоров“ поради дивата депонија Вардариште, граѓаните најавија дека утре повторно ќе излезат на улица. На денешниот собир видлив беше и транспарент со порака, „Вардариште …
Continue Reading
Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП
Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог Никола Пановски се главни фаворити од партијата за кандидат за градоначалник и носител на листа за Скопје од редовите на ЛДП. Оваа одлука, неофицијално, била донесена на вчерашната седница на Централниот одбор на партијата, каде мнозинството гласови одлучиле во трката да се приклучат овие …
Continue Reading
Општина Аеродром им додели таблет уреди на учениците од четврто одделение
Четврта година по ред општина Аеродром им доделува таблет уреди на учениците од четврто одделение заради полесен пристап до нови знаења, информации и поквалитетен воспитно – образовен процес. На доделувањето на таблет уредите во основното училиште „Блаже Конески“ денес заедно со градоначалникот Дејан Митески беше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која изрази задоволство што овој проект има …
Continue Reading
„За прв пат во 20 години постоење, во Аеродром истовремено се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Четиригодишниот мандат на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше посветен на решавање на проблемите и хаосот создаден од претходниците, па потоа се премина на развој на општините. Еден од овие примери беше и општина Аеродром, која беше наследена со целосен урбан хаос, во која имаше повеќе кранови за згради, отколку насадени дрвја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „И затоа на ова прашање …
Continue Reading
Шукова: Георѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани. „Во Вардариште има над 2 милиони кубни …
Continue Reading
Без струја дел од Аеродром
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Continue Reading
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Continue Reading