Во општина Бутел продолжуваат работилниците против врсничко насилство на „Макпетрол“

Родителите од општина Бутел, како и од Чучер-Сандево, утре ќе имаат можност да разговараат за проблемот со врсничкото насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Како и претходните, оваа едукативна средба е од отворен тип, односно на неа можат да учествуваат заинтересираните родители од двете опшини. Таа ќе се одржи утре (2 април) со почеток од 18 часот …

Continue Reading

Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе. Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка

Continue Reading

Поради протест, утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје известува дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РСМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

(Видео) Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите, тврди Јакимовски

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош. „По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. До сега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку општина Карпош има 820 …

Continue Reading

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Во недела, 30 март, со почеток од 10 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира …

Continue Reading

Извршена пролетна дератизација за уништување на глодари во општина Илинден

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м2, меѓу кои е општинската зграда, како и домовите на култура на општина Илинден. …

Continue Reading

Јавен повик за финанска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за проектот „Прослава на животот на Горан Стефановски“, кој ќе се реализира на 27 април 2025 година, во чест на роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи. „Горан Стефановски е еден од нашите најголеми културни творци и имаме обврска да го зачуваме неговото наследство, особено за помладите …

Continue Reading

Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Од ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од село Горно Нерези и Горни Крушопек, општина Карпош и општина Сарај; – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Призренска бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53, општина Бутел.

Continue Reading

​Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици

Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици. Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и министерката за образование и наука Весна Јаневска присуствуваа на почетокот на имплементацијата на проектот во основното училиште „Партенија Зографски“. Вредноста на овој капитален проект , изнесува над 11 милиони денари. Тој се изведува преку Владата, преку финансиско партнерство на Општина Кисела Вода …

Continue Reading