Герасимовски најави бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово го посети општинското основно училиште „Киро Глигоров“ за да им посака успешен старт на првачињата и сите ученици по повод првиот ден од новата учебна година. Во своето обраќање, тој информираше дека од следната учебна година, се воведува бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение. „Денеска, првачињата го започнуваат своето …
Continue Reading
За една недела „пајакот“ кренал 100 возила во Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 25.08.2025 до 31.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да …
Continue Reading
Делови од Бутел и Аеродром денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 01.09.2025 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат: · од 08.00 до 09.00 часот, дел од корисниците од ул. Иван Манолев, општина Бутел; · од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. …
Continue Reading
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја
Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.
Continue Reading
Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште
Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат 13 пожарникари со 5 ПП возила, а исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот.
Continue Reading
(Видео) Храбри полицајци гаснеа пожар во Бутел и завршија во болница, Костовски најави награда
Двајца полицајци од полициската станица Бутел денеска покажаа вистински херојство откако ги ризикуваа свои животи за да помогнат во гасењето на пожар кој се закануваше на детска градинка и училиште во општината. Дарко Стајковски и приправникот Филип Стојчевски, при интервенцијата вдишале јаглерод моноксид, поради што се пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје. За среќа, лекарите потврдуваат дека нивната здравствена …
Continue Reading
(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница
Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците и посетителите на меѓународниот ракометен турнир. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници и противпожарните екипи, спречено е ширење на огнените јазици кон паркираните возила, околните објекти и лизгалиштето кое е во рамки на спортскиот комплекс. Според информациите, полицијата извршила …
Continue Reading
Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани
Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор кои беа видливи од различни делови на градот и предизвикаа вознемиреност меѓу граѓаните. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот кој го зафати подрачјето над селото Локе–Крушопек е локализиран, а екипите остануваат на …
Continue Reading
Меџити: Дали Османи двапати бил во Будимпешта кај Груевски?
Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска јавно побара од неговиот противкандидат Бујар Османи да ја разјасни информацијата дека најмалку двапати бил во Будимпешта на директна посета со поранешниот премиер Никола Груевски. Информацијата е објавена во соопштението на партијата Вреди. Меџити најави дека откако Османи ќе одговори на ова прашање, тој ќе открие детали за …
Continue Reading