Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа
Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „По даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе …
Continue Reading
Известување за земање активно учество на граѓаните и урбаните заедници во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2026 година
Активно учество на граѓаните и урбаните заедници во процесот на креирање на општинскиот буџет, преку директно предлагање и приоритизирање на проекти од локално значење со следниот распоред: 22.12.2025 година (сала на Совет на Општина Штип) со почеток од 18 часот -уз славчо стојменски, три чешми, железничка, 8ми ноември, брегалница, баби, тошо арсов и караорман. 23.12.3025 година ( сала на Совет …
Continue Reading
На иницијатива на градоначалникот Петар Јанков се поставени специјални контејнери за текстилен отпад
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, преку Одделението за заштита на животната средина воспостави мрежа за собирање на текстилен отпад на територијата на општината. Во рамки на оваа иницијатива, поставени се специјални контејнери за селектирање на текстилен отпад, кои се донација од фирмата „ЕКО-ТЕКС“ ГРУП Д.О.О. Скопје, со цел поттикнување на реупотреба и рециклирање и намалување на количините текстилен отпад …
Continue Reading
Oпштина Кисела Вода: Генерално се чисти општината
Генерално се чисти општина Кисела Вода. Акцијата која започна вчера во УЗ „11 Октомври – бараки“, денеска продолжи на подрачјето на УЗ „11 Октомври -згради“, каде што екипите работат на темелно уредување на јавните површини, информираат од општината. На терен, како што додаваат, се ангажирани околу 30 сезонски работници, обезбеден е целокупниот потребен алат и механизација, како и специјализирани возила …
Continue Reading
Штип станува пример за зелена и одржлива општина преку проектот „EcoScare“
Јорданов: Штип станува пример за зелена и одржлива општина преку проектот „EcoScare“ Општина Штип продолжува активно да работи на развојот и уредувањето на зелени површини во рамки на проектот „EcoScare“ со цел подобрување на квалитетот на животот и промоција на одржливи урбани зелени простори. Во тек се активности за создавање нови паркови и зајакнување на урбаната зелена инфраструктура што обезбедува …
Continue Reading
Поддршка за домаќинства: Грантови за зелена енергија во Струмица
Градоначалникот Петар Јанков и општина Струмица во соработка и со поддршка од УНДП и Фондот за зелено финансирање (GFF) обезбедуваат поддршка за домаќинствата преку Грантови за зелена енергија, а во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина. Зелениот финансиски инструмент обезбедува финансиска и стручна поддршка за домаќинствата во Северна Македонија со цел подобрување …
Continue Reading
18 декември: Концерт на проф. Иван Наумовски и неговите студенти
Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, вечерва (18 декември 2025 година), во хотелот „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи Концерт на проф. Иван Наумовски и неговите студенти, во организација на ЗГ „Музички моменти“- Гевгелија по повод одбележувањето на 25-годишната музичка дејност на Здружението. Концертната вечер ќе биде посветена на вокално-уметничкиот израз …
Continue Reading
21 декември: Свечено затворање на „Гевгелија град на култура за 2025 година“ со концерт на Камерниот оркестар „Ајга“ и Ана и Игор Дурловски – музичко патување низ македонската традиција
Со свечен концерт на Камерниот оркестар „Ајга“, на 21 декември 2025 година (недела), во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде официјално заокружена манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Концертот започнува во 19:00 часот и претставува кулминација на културната година исполнета со бројни уметнички содржини и значајни културни настани. Концертната програма на Камерниот оркестар „Ајга“, со солистите Ана и Игор …
Continue Reading
Општина Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата
Општина Аеродром денеска официјално го започна проектот за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, при што точно 50 домаќинства добија специјални канти за селекција на пластика, а во наредните фази ќе бидат опфатени вкупно 600 домаќинства, соопштија од општината. Воведувањето ваков модел на управување со пластичен отпад, акко што појаснуваат, претставува прв чекор кон систем што постепено ќе …
Continue Reading