(Видео) Водата во Гостивар сѐ уште не смее да се користи, продолжуваат инспекциите

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на прес – конференција информира дека и денеска продолжуваат активностите во Гостивар по скандалот со загадената вода за пиење. Гостиварци сѐ уште не смеат да ја користат водата ниту за пиење, ниту за миење, ниту , пак, за било што во извршување на секојдневните активности. Стручни лица на Институтот за јавно …

Continue Reading

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, а институциите спиеле

Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата. Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие, велат од Левица. „Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот …

Continue Reading

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар, здравјето на граѓаните е над сѐ

ВЛЕН ја поздравува, како што велат, брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. „Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да …

Continue Reading

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење. „Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во …

Continue Reading

Засилени безбедносни мерки во Охрид поради посетата на претседателката на Индија

Пради посетата на претседателката на Индија на Охрид, од денеска до 22 јули во Охрид ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, извести СВР Охрид. „Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта …

Continue Reading

Министерство за здравство: Намалување на бројот на нови пациенти во Гостивар

Од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство за епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени на …

Continue Reading

Обезбедувањето 50 илјади литри флаширана вода никако не е исцрпување на можностите на централната власт, велат од Левица

Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба – Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, велат од Левица. Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, додаваат од партијата, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја …

Continue Reading

Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој кој има одговорност за случајот со водата во Гостивар

Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа кажа дека Владата од првиот момент кога биле добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагирала брзо, координирано и институционално. „Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за здравство, …

Continue Reading

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени откога 3.100 лица се пожалија на стомачни тегоби

Гостиварската полиција ги уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот водовод Валедин Дервиши откога во градот 3.100 лица побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареа и температура. Тројцата се приведени во рамки на предистражната постапка што е поведена поради сомневања за загадување на водата за пиење во градскиот водовод. …

Continue Reading