Митрев: Воспитувачите работат на Програми за откривање на деца кои имаат посебни таленти

Во детските градинки се работи на Програми со помош на кои ќе се откриваат децата кои имаат посебни таленти, ќе се работи со нив и ќе им се посветува поголемо внимание. Претседателот на Здружението на воспитувачи на Македонија, Илија Митрев вели дека ова е по примерот на европските земји, а имплементацијата е во програмите на самите градинки. -Тоа се програми …

Continue Reading

По 3.000 денари за сите матуранти од Крива Паланка од буџетот на општината

Во знак на поддршка на младите и субвенционирање на млади лица од општината, денеска на сметките на сите матуранти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров” во Крива Паланка префрлени се 3.000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка. Се работи за новa мерка која општината ја воведува оваа година. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на овој начин им ја …

Continue Reading

Општина Василево се збратими со италијанската општина Понтенуре

14 мај 2023 Општина Василево е прва општина во Југоисточниот регион но и пошироко во Република Македонија која изврши збратимување со општина од Р.Италија Новите пријателства и воспоставени релации секогаш претставуваат нови можности за соработки и продлабочување на воспоставените комуникации. Токму ова денешно официјално збратимување со Понтенуре се темели на една таква иницијатива, од пред една година, поттикната од нашите …

Continue Reading

„Генералка Викенд“ продолжи со хуманитарна акција за помош на Никола Ѓорѓиев

Во рамки на „Генералка Викенд“, а под мотото „Мајски цвет-подари свет“, денеска се одржа хуманитарен настан во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, во организација на Општина Карпош и друштвото за маркетинг „Фанки Макс“. Целта на оваа хуманитарна акција беше да се собере вториот, помал финансиски дел за понатамошното лекување на 19 годишниот Никола Ѓорѓиев, дете без родители, на кое …

Continue Reading

Во Кисела Вода поставен споменик на загинатиот бранител во Диво Насеље Љубиша Аранѓеловиќ

 – Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денеска ја открија неговата спомен-плоча. Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот …

Continue Reading

Положено цвеќе пред споменикот на бранителите во Крива Паланка, одржан меморијалниот турнир во нивна чест

Денеска во Крива Паланка беше положено цвеќе пред споменикот на бранителите, а се одржа и меморијалниот турнир во мал фудбал, организација на Македонскиот полициски синдикат и Полициската станица од Крива Паланка, со здружението на бранители „Херои на Македонија“ и поддршка од Општина Крива Паланка, во чест на 22 години од загинувањето на бранителите. Чествувањето почна пред спомен-обележјето на загинатите бранители …

Continue Reading

Делчево дел од рутата на хуманитарната иницијатива Black Cab – Europe Charity Trip

– Градот Делчево ќе биде дел од рутата на Black Cab – Europe Charity Trip, меѓународна иницијатива од хуманитарен карактер која ја иницираа група македонски иселеници и нивни пријатели од Лондон, а чија мисија е да се искористи иконата London Black Cab за патување од Англија до Македонија, поминувајќи 15 земји за 10 дена. Меѓу целите за ваквиот потег како …

Continue Reading

Во Тетово избор на највешта жена, победи Оливера Пепиќ од Струмица

 – Организацијата „Вешта жена“ од Тетово ја одржа централната републичка манифестација за избор на највешта жена во подготвување храна и аранжирање и декорација на маса. Меѓу десетте натпреварувачки во изборот, со вкупно гласови на публиката и жирито победи Оливера Пепиќ од Струмица. Втората позиција и припадна на Јулијана Златановска од Гостивар, додека трето место освои Светлана Маркоски од Прилеп. – …

Continue Reading

Неколку скопски села утре без струја

– Корисниците од село Горно Соње, лоцирани над војската, утре од 8:30 до 16:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од селата Кондово, Горно Свиларе, Долно Свиларе, Кучково и Грачани, како и објектот на рудникот Радуша. Како што информира Регионалниот центар за управување …

Continue Reading