Делчево дел од рутата на хуманитарната иницијатива Black Cab – Europe Charity Trip

crno_taksi_45543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Градот Делчево ќе биде дел од рутата на Black Cab – Europe Charity Trip, меѓународна иницијатива од хуманитарен карактер која ја иницираа група македонски иселеници и нивни пријатели од Лондон, а чија мисија е да се искористи иконата London Black Cab за патување од Англија до Македонија, поминувајќи 15 земји за 10 дена.







Меѓу целите за ваквиот потег како што информираа ентузијастите и иницијатори меѓу кои е и Кирил Маневски по потекло од с. Тработивиште Делчево е промовирање на вредностите на емпатија, сочувство и солидарност меѓу луѓето.

– Целта е да ја подигнеме свеста за средствата наменети за добротворни организации кои работат на подобра иднина за нашите заедници. Преку нашето патување, имаме за цел да ги промовираме вредностите на емпатија, сочувство и солидарност и да ги инспирираме луѓето да ни се придружат во поддршката на овие достојни каузи, велат иницијаторите во официјалната најава за патувањето.

Патувањето започна од Лондон, а учесниците ќе имаат попатни станици низ 15 земји во Европа, поминувајќи над 4000 км.

– Патувањето ќе трае приближно 2 недели за да може целосно да се заврши. Започнавме од Лондон, а моментално сме во Холандија. Опфатени се градови како Кале, Брисел, Мастрихт, Луксембург, Бретен, Штутгарт, Луцерн, Инсбрук, Тренто, Верона, Венеција, Трст, Копер, Риека, Плитвички Езера, Мостар Требиње, Будва, Подгорица, Ниш, Лесковац Софија, Делчево и Скопје. Попатно застануваме на различни знаменитости, се дружиме со локалното население, со цел да ја подигнеме свеста за добротворната организација, додаваат организаторите.

Своите фотографии од патувањето учесниците редовно ги ажурираат на посебната група Black Cab – Europe Charity Trip каде сите заинтересирани можат да се запознаат со повеќе детали околу нивната иницијатива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK