Општата болница со проширена дејност од Кочани ја намалила задолженоста за над 81 отсто

Општата болница со проширена дејност од Кочани отплатила поголем дел од заостанатите обврски кон различни доверители, со што ја намалила задолженоста за над 81 отсто. Од затекнатите долгови во 2017 година, во износ од околу 28 милиони денари, на почетокот на мај годинава неподмирени останале близу 5,3 милиони денари, од кои најмногу кон Институтот за трансфузиона медицина и Медицинскиот факултет …

Continue Reading

Во дебарската гимназија образованието го завршуваат 152 ученика, речиси сите пријавиле државна матура

Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата „28 ноември“ средното образование, во учебната 2022/2023 година, го завршуваат 152 ученика. -Во нашето училиште годинава образованието го завршуваат 152 ученика. Гледано по наставен јазик 97 од матурантите се од паралелките на албански додека 55 на македонски наставен јазик. Од вкупниот број дури 95 отсто се пријавени за државна матура. Тоа потврдува, дека …

Continue Reading

Внатрешно се санира спортската сала во Куманово

Во тек е внатрешно уредување на спортска сала, информираше, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. -Завршивме со подготовка за поставување на епоксидни подови во нашата спортска сала во Куманово. Одиме фаза по фаза до целосна реконструкција, објави Димитриевски. Реконструкцијата на трибините во спортската сала во Куманово, почна лани во август. Тогаш за реконструкцијата на внатрешноста во салата Куманово, општината одвои над 12 …

Continue Reading

Завршна манифестација во Куманово „Моето село низ објектив“

Ученици од урбани и рурални средини од Куманово ги разгледаа фотографиите изработени од ученици на денешната завршна манифестација што се одржа во занаетчискиот дом, како дел од проектот „Моето село низ објектив“. Проектот го спроведува Здружението на жени, „Коло на српските сестри“, со поддршка на Општината Куманово Во проектот учествуваа пет општински основни училишта: „Вера Которка“ од село Клечовце, „Браќа …

Continue Reading

Деновите на култура во Општина Илинден ќе се одбележат во соработка со ДПМ, во фокусот родољубивите песни и идентитетот во книжевноста

Деновите на културата во Општина Илинден што ќе се одржат во Домот на културата „Илинден“ на 16 и 17 мај ќе бидат тематски со фокус на родољубиви песни за татковината и идентитетот во книжевноста. Покрај централната манифестација, на програмата, што се организира од страна на Општина Илинден во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржат и трибина …

Continue Reading

Успешна еколошка акција „Генералка викенд“ во Ресен и на брегот од Преспанско Езеро

Општина Ресен ги заврши тридневните активности планирани во еко-акцијата „Генералка викенд“ која се реализираше во градот и на брегот од Преспанско Езеро. Од тамошната локална самоуправа соопштија дека на првиот ден од акцијата учествувале ученици од општинските училишта каде е извршено чистење на училишните дворови, во текот на вториот ден од акцијата се чистеа крајбрежните патеки на Преспанско Езеро, а …

Continue Reading

МАЕИ во советот на општина Пустец со тројца советници

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во новиот состав на Советот на општина Пустец ќе има тројца свои претставници. На вчерашните избори од излезените околу 2.100 гласачи за листата на МАЕИ гласале 439 или 21,46 отсто. Тоа значи дека партијата ќе има еден советник помалку споредено со изборите од 2019, односно четири помалку во однос …

Continue Reading

Летната тераса на штипски Дом на млади се отвара со концерт на „Леб и сол“

Легендарната група „Леб и сол“ ќе ја отвори реновираната летна тераса на Дом на млади-Штип. Директорот на Дом на млади, Видан Лазарев вели со концерт на 20 мај по десетина години повторно ќе се врати на штипската музичка сцена и ќе се претстават пред штипската публика. Тој се надева на успешен концерт и е задоволен што сезоната на реновираната летна …

Continue Reading

Мобилна амбуланта за бесплатни гинеколошки прегледи во Новаци

Во Општина Новаци почна со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од таа Општина, а со цел превенција од рак на грлото на матката. Од тамошната локална самоуправа информираат дека сите жени на територијата на Општина Новаци, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, треба да се …

Continue Reading