„Генералка Викенд“ продолжи со хуманитарна акција за помош на Никола Ѓорѓиев

nikola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на „Генералка Викенд“, а под мотото „Мајски цвет-подари свет“, денеска се одржа хуманитарен настан во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, во организација на Општина Карпош и друштвото за маркетинг „Фанки Макс“. Целта на оваа хуманитарна акција беше да се собере вториот, помал финансиски дел за понатамошното лекување на 19 годишниот Никола Ѓорѓиев, дете без родители, на кое му е дијагностициран канцер на коските, информираат од Општина Карпош.







– Најмладите ја искажаа својата солидарност и хуманост преку игра, музика, забава и едукација, а секој од присутните имаше можност да донира парични средства во поставените кутии за донација. Дел од ова случување, со своите музички изведби беа и дечињата од градинките „Пролет“, „Мајски цвет“ и „Распеана младост“. На овој хуманитарен настан беше и можноста да се види мини зоолошка градина, катче за разубавување, работилници, ликовна секција, вежби и многу други активности. На хуманитарниот настан, шопинг фановите имаа можност да си купат парче облека и накит, растенија, храна и пијалаци, а со тоа и да учествуваат во својот донаторски дел за Никола, известуваат од општината.

Во тридневната еко акција, Општина Карпош доби 170 садници кои ќе бидат подарени од Министерството за земјоделство.

– На секој 10 килограми, предвидено беше да се донира по едно дрво, а во петокот вредните рачиња на децата од предучилишните установи и училиштата, собраа околу 694 килограми отпад, кој со возило на „Комунална хигиена“ беше предадено во Центарот за рециклирање на отпад во Карпош, додека пак во текот на вчерашниот ден, административците успеаја да соберат 974 килограми отпад, соопштуваат од Општина Карпош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK