Отворени денови за бесплатна правна помош во Делчево

delchevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бесплатна правна помош за недискриминација денес можеа да добијат граѓаните во рамки на Отворените денови кои се реализираат во рамки на проектот „Здружени, видливи, гласни“ како дел од програмата на Цивика Мобилитас.







Целта на активноста како што истакна Наташа Петкова, правна советничка од Хелсиншкиот комитет е да се приближи работата на Комисијата за заштита од дискриминација и во останатите градови надвор од Скопје, за да се запознаат граѓаните со концептите на дискриминација и начините во случај кога нивните права се повредени.

-Од претходно што раазговаравме со граѓаните, тие најчесто се жалат со проблеми во областа на социјалната заштита, здравственото осигурување, така што за тие и други проблеми денес ќе разговараат со комесарот Игор Јадровски кој што во моментот има средба со граѓаните кои имаат конкретни проблеми. Проектот трае една година до крајот на 2023 година, рече Петковска.

Отворените денови за бесплатна правна помош во рамки на овој прект, како што додаде Анастасија Муратовска од Комисијата за заштита и спречување од дискриминација се предвидени во 7 плански региони, а досега се одржани во Крива Паланка, Градско, Охрид и други градови во државата.

-Овој проект е поддржан од Мрежата за заштита од дискриминација, а бидејки Комисијата за заштита и спречување на дискриминација е централизирано тело сместено во Скопје, овие активности се од особено значење за приближување на нивната работа до граѓаните и во другите градови. Како што кажа колешката целта е да ги дознаат начините на поднесување претставки или директно да се обратат до комисијата, во случај да бидат дискриминирани и да имаат потреба од заштита од дискриминација, додаде Муратовска.

Освен што можеа да се запознаат со работата на Комисијата и да се обратат на истата заради прекршено право, несоодветен однос или молчење на администрацијата, граѓаните на штандот во центарот на Делчево можеа да пријават и прекршено здравствено или социјално право, право на домување или пензиско право, малтретирање и злоупотреби на работно место, како и политичка и друг вид на дискриминација.

Проектот се реализира со соработка со Здружението на млади правници и коалицијата Маргини со финансиска поддршка на Цивика Мобилитас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK