Во Велес Свечена Академија за Сесловенските браќа Св. Кирил и Методиј

На Свечена Академија по повод Денот на Сесловенските браќа Свети Кирил и Методиј во Општина Велес денеска беа доделени традиционалните награди на најдобрите просветни работници и ученици во 2023 година. За најдобар ученик во 2023 меѓу велешките основци беше прогласен и награден Христијан Саздовски, ученик на народни инструменти во ОМУ „Стефан Гајдов“. За најдобар ученик меѓу средношколците е прогласена Ана …

Continue Reading

Премиерно издание на кошаркарскиот турнир за младински категории „Неготино 2023“

Овој викенд  во салата на спортско-рекреативниот центар „Младост“,  ќе се одржи премиерното издание на кошаркарскиот турнир за младински категории, во женска конкуренција „Неготино 2023“. Како што информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, учество ќе земат повеќе реномирани екипи од нашата земја. – Организатор на ова спорско случување е женскиот кошаркарски клуб „Спорт тим“ од Неготино, под генерално покровителство на Општина …

Continue Reading

Дука: Почна реализацијата на најскапиот инфраструктурен проект досега во општина Дебар

Во Дебар денеска беше означен почетокот на проектот што предвидува реконструкција на неколку улици во дебарската населба „Венец 1″ и изградба на атмосферска канализација. -Овој инфраструктурен мегапроект на општина Дебар, предвидува целосна реконструкција на четири улици во населба „Венец 1″, изградени пред 1980 година, реконструкција на тротоарите и за првпат изградба на нова атмосферска канализација. Проектот е со вредност од …

Continue Reading

Во штипскиот Музеј изложени стари црковни книги

Во штипскиот Музеј денеска за првпат се изложија стари црковни книги кои во изминатите 50 години биле собирани во депото. Директорот на Заводот за заштита на споменици (ЗЗС) и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов, вели книгите се стари и по неколку века, а во наредните десетина дена да може да ги видат граѓаните во Штип. – Морам да истакнам дека …

Continue Reading

Се подготвува отворена гала премиера за „Талија“, документарен филм посветен на тетовското драмско студио

Со отворена гала премиера пред пошироката јавност ќе се претстави „Талија“ документарниот филм посветен на тетовското драмско студио изработен под покровителство на Музеј на тетовски крај.  Гала премиерата е закажана за 2 јуни, петок во Центарот за култура во Тетово со бесплатен влез. Почетокот на премиерата е закажана за во 20 часот. -„Талија“ е документарен филм кој говори за легендарното …

Continue Reading

Оштетени дел од агрометеоролошките мерни станици во Кавадарци

Општина Кавадарци во соработка со агрономскиот тим, изврши увид на агрометеоролошките мерни станици и констатира дека  дел од нив се оштетени,  отстранети се делови од мерните станиците. За ова попладнево информираа од кавадаречката локална самоуправа. – Во кординација со Глигор Тодоров, претставник од Агро Вардар, извршена е замена на истите. Апелираме дека деловите кои се во состав на мерната станица, …

Continue Reading

Oтворен ден во велешката Гимназија „Кочо Рацин,“ најстара во земјава и на Балканот

Велешката Гимназија „Кочо Рацин“ денеска организираше Отворен ден за деветооделенците од градот и поширокиот регион. Деветооделенците се запознаа со наставата и бројните проектни активности во гимназијата, која е најстара во земјава и на Балканот. Гимназијата „Кочо Рацин“ е отворена во 1857 година, а годинава одбележува 166 години од постоењето. Од нејзините клупи излегле голем број на видни личности на ученици …

Continue Reading

Општина Босилово бара помош за санација за небезбеден мост, ЦУК бара да се затвори за движење

Мост на реката Струмица во атарот на селото Секирник во Општина Босилово, е видливо оштетен, во лоша состојба, со паднат носечки столб и преставува опасност за тие што го користат. Ова денеска го соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), а директорот Стојанче Ангелов на покана на градоначалникот на Босилово Ристо Манчев, беше во посета на оштетениот мост. Според …

Continue Reading

Мицкоски : Проектите во Кавадарци ја заокружуваат целината на предизборните ветувања

Морам да сумирам дека сите овие проекти коишто се сработени овдека во Кавадарци, кои се отпочнати со работа и коишто треба да се завршат, ја заокружуваат целината на предизборните ветувања, што беа дадени за време на кампањата во 2021 година. Ова го истакна денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Митко Јанчев, беше во увид …

Continue Reading