Во Едукативниот центар во Негрево одбележан Меѓународниот ден на биолошката разновидност

Во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево денеска се одбележа Меѓународниот ден на биолошката разновидност. Целта на настанот, како што информираа организаторите, е да се даде акцент на мотото на годинашното одбележување преку истражување на локалитети кои изобилуваат со богата био-разновидност, а се карактеристични за пехчевскиот крај. -Денеска сме во Едукативниот центар во Негрево како проект …

Continue Reading

Скопската населба Керамидница и околината утре без вода

Корисниците од населбата Керамидница, дел од улицата „Киро Глигоров“ од крстосницата со улицата „Перо Наков“ до мостот „Близнаци“ и делот од улицата „Перо Наков“ до Металски завод Тито утре од 8:00 часот ќе останат без водоснабдување. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на два затворача со пречник од 500 …

Continue Reading

Доцни сеидбата на оризот во Чешиново поради несолидарност меѓу земјоделците

– Сеидбата на оризот на околу 300 хектари во атарот на селото Чешиново сè уште не е почната, иако истекува оптималниот временски рок. Причина за доцнењето е несолидарноста на земјоделците од соседните села кои не ја завршиле подготовката на своите површини, поради што водата од каналите за наводнување не може да се пушти во нивите. Оризопроизводителите обвинуваат и дека нивните …

Continue Reading

Уметникот Новица Трајковски со изложбата „Спасителот“ во Велес

 – Во организација на Народниот музеј во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на слики на академскиот сликар Новица Трајковски со циклусот на дела портрети „Спасителот”, слики создадени во текот на целото неговото творештво. Претставени се 30 негови дела насликани во техниките масло на платно и акрил на платно, со теми од магичното и мистериозното. Како што информира …

Continue Reading

Кумановци трчаа на хуманитарната трка за девојчињата Ана и Теодосија

– Кумановци денеска трчаа на хуманитарната трка за помош за лекување на двете девојчиња со сериозна здравствена состојба Теодосија и Ана. Трката ја организираше Советот на општината, кој едногласно одлучи дека треба да им се помогне на девојчињата кои се на лекување во странство. Трката имаше ревијален карактер и се одржа на булеварот „Октомвриска револуција“. -Првпат организиравме ваква хуманитарна трка. …

Continue Reading

Во Тетово ќе се одржи турнир во шах за млади „Тетово шампион 2023“

– Во организација на тетовскиот шаховски клуб „Анпасан“ и здружението „Визион М“ утре во Тетово ќе се одржи турнир во шах за млади „Тетово шампион 2023“, кој претставува првенство за Тетово за ученици од основни и средни училишта. -Турнирот ќе се одржи  просториите на шаховскиот клуб Анпасан. Темпо на играње е 10 минути по играч со додаток од 2 секунди …

Continue Reading

Се одлага Ендуро трката на патеката над Велешко езеро

– Поради најава за неповолна временска прогноза со дожд Мото клубот „Мото Велес“ ја одложува дводневната трка во ендуро што викендов требаше да се одржи на патеката за ендуро над велешко Езеро „Младост“. Трката е презакажана а 25 јуни информира за МИА,Сашко Ванов, организатор на трката и основач и претседател на МК „Мото Велес“. Оваа 13. по ред трка ќе …

Continue Reading

Црвен крст Куманово почна да ја спроведува услугата „Грижа на стари лица во домашни услови“

– Општинската организација на Црвен крст Куманово почна да ја спроведува услугата „Грижа на стари лица во домашни услови“, финансиски поддржана од општина Куманово, соопштија денеска од организацијата. Негуватели и волонтери од организацијата пружаат помош на старите и немоќните лица во нивните домови. -Целта на проектот е обезбедување на грижа и помош во домашни услови од страна на професионални и …

Continue Reading

Во Прилеп отворена изложбата „повторна средба“ на Анита Јовеска Сот

– Во ликовната галерија во домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп пред бројните посетители синоќа беше отворена изложбата „Повторна средба” од прилепската уметница Анита Јовеска Сот. Изложата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска која посочи дека делата пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност. -Нивните погледи продираат длабоко под прагот …

Continue Reading