Во Тетово ќе се одржи турнир во шах за млади „Тетово шампион 2023“

sah_345334543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во организација на тетовскиот шаховски клуб „Анпасан“ и здружението „Визион М“ утре во Тетово ќе се одржи турнир во шах за млади „Тетово шампион 2023“, кој претставува првенство за Тетово за ученици од основни и средни училишта.







-Турнирот ќе се одржи  просториите на шаховскиот клуб Анпасан. Темпо на играње е 10 минути по играч со додаток од 2 секунди по потег, почнувајќи од првиот потег. Се игра според Правилата за игра на ФИДЕ за забрзан шах (Rapid) по швајцарски систем од 7 кола, изјави Назмидин Имери, претседател на клубот „Анпасан“.

Првото коло ќе започне во 10 часот, а последното – седмо коло во 15 часот. Финалниот пласман се одредува по број на освоени поени. Во случај на ист број на освоени поени, рангирањето се определува по додатни критериуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK