Прифаќањето на дијагнозата за ретка болест или попреченост помага во подобро справување со болеста

 – Семејства се распаѓаат бидејќи едниот родител не може да ја прифати дијагнозата на своето дете. Експертите посочуваат дека откако ќе се постави дијагнозата на хронична болест, родителите понекогаш реагираат со негирање, лутина, тага и депресија, а децата често се борат со чувството на осаменост или изолација. Ваквата состојба, велат експертите, не треба да се крие, бидејќи само така може да …

Continue Reading

ДИЦ: Матурантката од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид не полагаше државна матура бидејќи не беше пријавена од Училишната матурска комисија

– Матурантката Тијана Силјаноска од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид на 27.05.2023 не полагаше државна матура бидејќи од страна на Училишната матурска комисија на училиштето не е пријавена за полагање во Државен испитен центар, појаснуваат од ДИЦ околу проблемот со неможноста матурантката да полага државна матура. – За појаснување, согласно законските и подзаконските акти за реализација на државната матура, учениците …

Continue Reading

Презентација на воени возила и опрема, дел од вежбата „Брз одговор“

– Отворен ден организиран во рамки на вежбата „Брз одговор 23“ денеска од 11 до 14 часот ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци каде ќе бидат прикажани дел од возилата, вооружувањето и опремата што ќе се користи на оваа вежба. На настанот ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Во рамки …

Continue Reading

Единствено во тетовска Волковија можност за алтернативен медицински третман апи-терапија

– Пчеларството и произведувањето мед е хоби веќе десетина години на 32 – годишниот Сашо Илијевски од тетовска Волковија, кој следејќи ги светските трендови од неодамна започна и нов правец на дејствување во оваа област. Тоа е терапија со воздух од пчелите со кој во специјална апи-комора може да се третираат луѓето со болести на дишните патишта. Методот е едноставен …

Continue Reading

Здружението „За здрав живот во Кочани“ бара да не се продолжува рокот за градба на мини хидроцентралата Мала Река

– Граѓанското здружение „За здрав живот во Кочани“ упати писмена ургенција до Министерството за животна средина и просторно планирање со која бара на инвеститорот на мини хидроцентралата Мала Река кај браната Гратче да му се одземе дозволата за градба. На прес-конференција што се одржа вечерва беше образложено дека концесионерот ДИС Енергија ДОО – Скопје не го испочитувал рокот за изградба на …

Continue Reading

Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Делчево

 – Во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров” вечерва во Делчево премиерно прикажана театарската претставата „Самоубиство во самоодбрана”.Театарската претстава е во изведба на театар „Отпишани“ со која имаат освоено пет интернационални награди низ Балканот. Работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, делчевчани имаа прилика да ја видат претставата која всушност е драма која зборува за животот, …

Continue Reading

Еко-акција за чистење на Охридското Езеро организирана од нуркачкиот клуб „Амфора“

– Членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска спроведоа голема еколошка акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад. Акцијата насловена „ОХРИД ЕКО 2023“ беше изведена на две локации – кај Изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на пристаништето во таа населба на источното крајбрежје на езерото. Во акцијата се вклучија 28 нуркачи  од Нуркачкиот центар …

Continue Reading

Регионалниот пат Валандово – Струмица, кај Валандовско Брдо во прекин за камиони и автобуси

– Регионалниот пат Валандово – Струмица , кај м.в. Валандовско Брдо е во прекин за камиони и автобуси, информираат од АМСМ.  – Поради откачена приколка од влекач, регионалниот пат Валандово – Струмица , кај м.в. Валандовско Брдо е во прекин за ТМВ и Автобуси, се вели во извештајот на АМСМ за состојбата на патните правци во 18 часот.

Continue Reading

Хаварија на каналот на системот Макарија од кој се наводнуваат земјоделски површини во Росоманско

– Хаварија на сифонот на левиот магистрален канал на системот Макарија, од кој се наводнуваат земјоделски површини во Росоманско, се случи во текот на денешниот ден, потврди попладнево за МИА, градоначалникот на Росоман, Стојан Николов. Тој појасни дека проблемот ги засега сите сопственици на земјоделски имоти по левата страна од течението на Црна Река, до испустот кај селото Ногаевци. – Поради …

Continue Reading