Црвен крст Куманово почна да ја спроведува услугата „Грижа на стари лица во домашни услови“

crven_krst_kumanovo_@323423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општинската организација на Црвен крст Куманово почна да ја спроведува услугата „Грижа на стари лица во домашни услови“, финансиски поддржана од општина Куманово, соопштија денеска од организацијата.







Негуватели и волонтери од организацијата пружаат помош на старите и немоќните лица во нивните домови.

-Целта на проектот е обезбедување на грижа и помош во домашни услови од страна на професионални и обучени негуватели и волонтери во Општина Куманово. Имаме простор да се пријават дополнителен број на корисници кои треба да исполнат соодветни услови, изјави Ива Младеновска, секретар на кумановскиот Црвен крст.

Волонтерите и сертифицираните негуватели на старите лица им пружаат помош во извршување на основни дневни активности. Во текот на посетата тие се задолжени за мерење на крвниот притисок и шеќер во крвта, подготовка на топли напитоци, набавка на лекови од аптека, плаќање на сметки и набавка на намирници по нарачка на корисникот.

Корисниците ја добиваат услугата бесплатно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK