Нормализиран сообраќајот на патот Градско-Прилеп

Сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп е нормализиран од 14:10 часот, информира АМСМ. Овој патен правец беше во целосен прекин од 7:20 часот поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец. Покрај тоа, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“ на коловозот имаше големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите имаше свлечиште и одрон на …

Continue Reading

Анастасов: Заедно со граѓаните на Пробиштип нема да дозволиме да се отвори новиот рудник за злато „Плавица-Црн Врв“

Граѓаните, еколошките активисти и локалната власт на Пробиштип се единствени и испраќаат порака дека се против отворањето нов рудник за злато „Плавица-Црн Врв“, кој ќе се протега на територија на Пробиштип и Кратово. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов во видео интервју во прес-центарот на МИА во Штип, вели дека доколку се отвори и овој рудник, тоа ќе значи дека …

Continue Reading

Големи свлечишта, штети на патната инфраструктура по вчерашните поплави во Крива Паланка, село Трново е отсечено

По синоќешните поплави во Крива Паланка предизвикани од големото невреме и поројните врнежи од дожд, денеска на терен се распоредени сите екипи од општинските служби, од ЈП Комуналец, ЈП Македонија пат и останати за санирање на штетите, расчистување на наносите и утврдување на состојбите на терен. Доцна синоќа на итен состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување, на кој …

Continue Reading

Невреме во Кавадарци

По невремето што го зафати Кавадарци, на терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму појаснуваат дека обилниот дожд предизвика големи оштетувања на колекторот каде што се работи веќе некое време, кај мостот на Северен булевар. Се известуваат сите граѓани кои имаат било каков проблем …

Continue Reading

Продолжува неповолната хидролошка состојба во Делчевско

Продолжува неповолната хидролошка состојба во Делчевско. Новите поројни дождови кои вчера ја зафатија територијата на Општина Делчево оштетија дел од локалната патна мрежа во делчевското село Драмче каде од надојдените води е поткопан мостот кој минува низ селото, а поплавени се неколку вили и помошни објекти. -Беше страшно, огромна водена маса течеше по патот и сврте лево од мостот кој …

Continue Reading

Герасимовски: Уништувањето на детските игралишта e тажно и срамно

Службите на Општина Центар во текот на изминатиот период бележат оштетени и искршени реквизити, заштитни огради на повеќе детски игралишта, откорнати подлоги и собрани зелени подлоги на фудбалски игралишта, детски игралишта испрскани со спреј кои ја нагрдуваат сликата во околината и ја спречуваат или прекинуваат детската игра, информираат од Општина Центар. Пред извесен период, како што велат, родители до општината …

Continue Reading

Четврто издание на Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“

Авантуристичкиот клуб „Маунтајн Меднес“ викендов по четврти пат организира Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица“, кој опфаќа авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Фестивалот на планината и езерото „Охрид-Галичица 2023“ започнува денеска претпладне со велосипедска тура околу Охридското Езеро и посета на локации на езерскиот брег. Турата се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро – 21 Јуни). Настанот …

Continue Reading

Министерката Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе во одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска положи цвеќе во одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа. „Никогаш да не се повтори!“ беше порака во нејзината објава на фејсбук. – Денеска молкум им оддаваме почит на дванаесетте младинци од Ваташа кои, пред 80 години на денешен ден, беа стрелани и масакрирани од тогашната бугарска окупаторска војска. …

Continue Reading

Нов протест на жителите на Горна Река против сечата на шума во НП „Маврово“

Со едночасовна блокада на регионалниот патен правец Гостивар-Маврово-Дебар, кај месноста Бунец, и истакнување на нови барања, жители на селата во регионот на Горна Река денеска одново протестираа против сечата на шума и управувањето со природата на територија на Националниот парк „Маврово“. Протестот пот мотото „Не сечи, не убивај“ го организира здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“, чии членови …

Continue Reading