Невреме во Кавадарци

poplava kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По невремето што го зафати Кавадарци, на терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.







Оттаму појаснуваат дека обилниот дожд предизвика големи оштетувања на колекторот каде што се работи веќе некое време, кај мостот на Северен булевар. Се известуваат сите граѓани кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на Општина Кавадарци на бројот 13 300.

-Поради изливање на речното корито предизвикано од невремето кое го зафати Кавадарци, се замолуваат граѓаните да бидат внимателни и да не сообраќаат поради непроодност на патот кон селата Раец, Фариш и кон Прилеп, односно кај мотел Дреново, нагласуваат од кабинетот на Јанчев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK