Министерката Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе во одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Kostadinovska -Stojcevska.JPG1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска положи цвеќе во одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа. „Никогаш да не се повтори!“ беше порака во нејзината објава на фејсбук.







– Денеска молкум им оддаваме почит на дванаесетте младинци од Ваташа кои, пред 80 години на денешен ден, беа стрелани и масакрирани од тогашната бугарска окупаторска војска. И денес, и болката и спомените од овој грозоморен чин се сè по присутни, како и пораката-никогаш да не се повтори! Споменикот во Моклиште за брутално згаснатата младост во исто време и потсетува и опоменува дека и ние Македонците ја плативме високата цена на победата и преку НОВ го остваривме вековниот идеал за своја држава во која слободно го говориме мајчиниот, македонски јазик. За таа висока цел, ниту една жртва не е и не смее да биде залудна. Слава им, стои во објавата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK