Делови од Шуто Оризари утре без вода

Поради нов водоводен приклучок од ф -500/150 на ул. Плачковица бб.нас.( Шуто Оризари) со прекинато водоснабдување утре 02.07.2026 година ( четврток ) ќе бидат корисниците од ул. Индира Ганди горниот дел во нас. Шуто Оризари до Гробишта. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, соопшти Центарот за управување со кризи.

Continue Reading

Во наредниот период приоритет проектите за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните: Општина Карпош по враќањето на Лукровски

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски, информираат од Општина Карпош. И во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош, како што велат во соопштението, функционирала организирано, професионално и непречено, согласно воспоставените процедури, надлежности и редовната динамика на општинската администрација. „Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се …

Continue Reading

СДСМ тврди дека Лукровски сакал да поднесе оставка, но Мицкоски не му дозволил

Сотир Лукровски соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине, но Мицкоски не дозволи, тврдат од СДСМ. „Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија. Партијата вложи огромни напори и пари …

Continue Reading

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Со години беше симбол на застојот. Кај скопјани остана запаметен како „мостот што водеше во дневна соба“ или „мостот за ловење риба“. Конечно, станува мост што ќе ги поврзува луѓето, ќе го забрзува сообраќајот и ќе го менува секојдневието на граѓаните“, вели тој. Ѓорѓиевски …

Continue Reading

Меџити: Успехот на каратистката Рудина Алиу е гордост за Чаир и за целата држава

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, имаше средба со каратистката Рудина Алиу, која го освои бронзениот медал на Светското универзитетско првенство во карате, одржано во Бразил. По тој повод, Меџити ѝ честиташе на Рудина за извонредниот успех, истакнувајќи дека успесите на нашите спортисти се најдобрата промоција на Чаир и на државата на меѓународната сцена. „Чаир продолжува да создава шампиони. Секој …

Continue Reading

Сотир Лукровски се врати на работа: „Изминатиот период за мене беше големо искушение“

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој неколку месеци не одеше на работа, сега јавно откри дека имал здравствен проблем и вели дека изминатиот период за него бил големо искушение. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски во Кисела Вода „открива“ проекти финансирани од унгарскиот кредит – а парите исчезнаа

„Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари“, велат од СДСМ. …

Continue Reading

И оваа година бесплатни униформи за учениците во Општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека е завршена постапката за набавка на бесплатни училишни униформи и дека и оваа учебна година сите ученици ќе добијат бесплатни униформи. „Како градоначалник, верувам дека секое дете заслужува еднаква можност да учи, да се развива и да се чувствува прифатено. Токму затоа, оваа мерка има многу поголемо значење од самата униформа …

Continue Reading

Без вода дел од Карпош

РЦУК – Скопје известува дека денеска поради дефект на затворач ф-150 мм на улицата Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на Печат до улицата Франклин Рузвелт) и дел од улицата Васил Ѓорѓов, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading