Нови напади врз малолетници во Скопје: момче нападнато во Карпош, девојче во Центар

Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, на 2 јули во 11:30 часот, 38-годишна жена пријавила дека на 21 јуни, околу 21 часот, на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Според пријавеното, тој познавал двајца од напаѓачите. Истиот ден, околу …

Continue Reading

Почна реконсктрукцијата на водоводната мрежа во Долно Нерези

Општина Карпош во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, започнува акција за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Глигор Чемерски (поранешна Партизанска 11), во населбата Долно Нерези. По повод почетокот на градежните активности, денеска на терен увид извршија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и претставници од ЈП …

Continue Reading

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2026“

Вечерва почнува меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2026“. „Вечерва Гази Баба ќе биде центар на културата, традицијата и фолклорот. Со гордост ја чуваме и негуваме македонската традиција, нашите песни, ора и обичаи кои со генерации го раскажуваат духот и идентитетот на македонскиот народ. На едно место ќе ги обединиме различните култури преку настапите на ансамбли од Македонија, Романија, Австралија, Србија, …

Continue Reading

Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор

Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите, информираат од таму. Градоначалникот Горан Герасимовски кажа дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се …

Continue Reading

Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Започнува реализацијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. Град Скопје соопшти дека проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот. „Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата …

Continue Reading

Ристески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување, процесот тече без проблеми, пристигнати преку 4.400 апликации

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес посети повеќе регионални канцеларии на Агенцијата за вработување, каде изврши увид во процесот на аплицирање за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. Во текот на денот, заедно …

Continue Reading

Се урива „Али“ тобако на Бит Пазар

Тобакото „Али“ кое се наоѓа на тротоар на Бит Пазар се урива, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“, напиша кратко Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. Ѓорѓиевски во февруари најави засилени акции за отстранување на дивопоставените објекти низ градот кои низ годините биле изградени без соодветна документација, а со тоа тие узурпираат јавни …

Continue Reading

Родителите не се одговорни за постапките на нивните деца кои тепаа соученичка, утврди Вишото обвинителство во Штип

Вишото јавно обвинителство во Штип утврди дека родителите на ученичките кои тепаа нивна соученичка во Штип, додека други машки деца го снимаа настанот, не се одговорни за постапките на нивните деца. Со ова се потврди одлуката на Основното јавно обвинителство во Штип за отфрлање на кривичните пријави против родителите на децата кои го тепаа девојчето. „Само што примив Решение од …

Continue Reading

Интервенции во Чаир по обилните врнежи од дожд

По обилните врнежи од дожд, сезонските работници на Општина Чаир, во соработка со екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа ангажирани до доцна во ноќта и продолжуваат со активности и денес, информираат од општината. Интервенциите, како што нагласуваат, се реализираат на улиците и јавните површини низ целата општина, согласно утврдените приоритети и потребите на терен, со цел што побрзо враќање на …

Continue Reading