Поставен камен-темелник за затворен базен во училиштето „Ацо Шопов“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на затворен базен во Основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Според него, со доградбата на училиштето ќе се подобрат условите за учениците и ќе се зголеми квалитетот на животот на жителите од овој дел на Радишани. „Со овие проекти полека, но сигурно обезбедуваме подобри услови за живот на граѓаните …
Continue Reading
Изгореа овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа во Пробиштип
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната …
Continue Reading
„Шанса за Центар“ предупредува дека се планира изградба на десетици објекти на ерозивен терен
Граѓанската иницијатива и советничка група во Општина Центар „Шанса за Центар“ предупредува дека Нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за Барутана, кој е ставен на дневен ред на Советот, предвидува урбанизација на простор за кој, според нив, постојат сериозни ризици од ерозија. Од иницијативата посочуваат дека просторот на Водно, познат како Барутана, според Планот за енергија и клима на Општина Центар е …
Continue Reading
Луксузното „Ауди“ на Мерко купено 67.000 евра, се продаде за 22.000 евра
Службеното „Ауди А6“ на Општина Струга, кое пред 7 години го купи поранешниот градоначалник од ДУИ, Рамиз Мерко за 67.000 евра вчера беше продадено на јавна аукција за 22.000 евра. Продажбата на автомобилот одеше преку извршител, кој пред 4 месеци го заплени возилото. Парите ќе се искористат за враќање на долгоивте на Општина Струга кон повеќе доверители. „Озлогласеното службено возило, …
Continue Reading
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во работна посета на Општинските организации во Прилеп и Битола
Во рамки на работното лето на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и реализацијата на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, а согласно одлуките на Централниот одбор, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, оствари работни посети на Општинските организации во Прилеп и Битола. На состаноците со Извршните одбори во проширен состав се разговараше за тековните активности на организациите, за …
Continue Reading
Утре без вода корисниците од село Кондово
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат следните корисници: – Поради технички интервенции во ХП Кондово и ХП Медреса без водоснабдување ќе останат корисниците на село Кондово, во период од 09,00 часот до завршување на интервенциите.
Continue Reading
Во пожарот во Пробиштипско изгоре една куќа, општината апелира: Не се движете кон зафатеното подрачје
Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување дејствуваат врз пожарот во Пробиштипско, кој избувна денеска во претпладневните часови и брзо се прошири во реонот на селото Бучиште. Пожарот го зафатил подрачјето меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино. Во Бучиште пожарот е локализиран, но во огнената стихија изгорела една куќа. Од Општина Пробиштип соопштија дека сите расположливи сили се максимално …
Continue Reading
Ристески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регион
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола. За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите …
Continue Reading
„Ер трактор“ полета кон пожарот на штипскиот Исар, огнот се приближил до куќите
Авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување полета кон пожарот што избувна на штипскиот Исар, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот избувна денеска на источната страна на тврдината Исар во Штип и се прошири во близина на куќите. На терен се пожарникари, а во гаснењето помага и локалното население.
Continue Reading