Меѓународен театарски фестивал во Демир Капија

demir_kapija_23423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Меѓународен театарски фестивал насловен „Без рамка“ по вторпат се реализира деновиве во Домот на културата во Демир Капија, а вечерва пред театарската публика се претстави театарот од Уб, Србија, со претставата „Портрет“. Истовремено, Демир Капија одбележува 60 години постоење на Театар „Мирка Гинова“ и 30 години театарска активност на актерот и режисер Томе Атанасов при овој театар.







-Отворањето на фестивалот беше со претставата „С чиме, с ким у ЕУ“, во изведба на актерите од Драфт театар од  Тузла, Босна и Херцеговина. Следен на програмата, беше  независниот Театар чекори од Скопје, со претставата „Драги уметници“. Трети на агендата беа најмладите актери од театарот домаќин, со претставата „Палавиот фолк Пинокио“. Синоќа настапија артистите од Коњица, Босна и Херцеговина, со претставата „Бујрум Моји“. Со театарот од Уб,  уживавме оваа вечер, појаснија организаторите.

На 3 август е скопската претстава „Самоубиство во самоодбрана“, а на 5-ти, настапува театарот од Кавадарци со „Не се клади на Енглези“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK