Грковска – Таравари: Важно е и општините да се вклучат во промоција на принципите на добро владеење

taravari-grkovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска беше во работна посета на Гостивар, каде оставирал средба со градоначалникот, Арбен Таравари.







Како што информираат од владината прес-служба, на средбата е разговарано за заедничка организација на дебатни настани по почетокот на наредната учебна година, а во рамки на активностите наменети за младите, кои вицепремиерката Грковска повеќе од една година ги спроведува под слоганот „Зависи од мене и тебе“.

Грковска и градоначалникот Таравари се согласиле дека од исклучителна важност е континуирано да се работи на подигнување на свеста кај младите за прашања поврзани со етика, интегритет и одговорност, затоа што тие го носат потенцијалот за позитивни промени во општеството и за надминување на слабостите во системот и општеството во целина.

Во однос на транспарентноста, како клучен антикорупциски механизам, вицепремиерката информираше за напредокот во јакнењето на активната транспарентност на институциите. Во таа насока, таа се осврнала на Упатството за транспарентност, кое Кабинетот за политики за добро владеење го изготви во соработка со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер и Центарот за управување со промени. Грковска потенцирала дека иако произлезените препораки од Упатството се обврзувачки само за институциите на централно ниво, и општините треба да ги прифатат насоките за објавување на сите информации од јавен карактер, со што и локалните самоуправи ќе бидат поотворени и поблиски до граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK