Герасимовски: Вечерва има само една дестинација, концертот „Нешто што ќе остане“ во Паркот на франкофонијата

Општина Центар за првпат организира музички хепенинг насловен „Нешто што ќе остане“ кој ќе се случи вечерва во Паркот на Франкофонијата, со почеток од 19 часот. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани на одлична забава и дружење. „Вечерва има една дестинација, а тоа е одличната забава во Паркот на Франкофонија која започнува од 19 часот. Општина …

Continue Reading

Пожар во Ѓорче Петров

Пожар избувна покрај мостот во скопската населба Ѓорче Петров, спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“. Од Центарот за управување со кризи јавуваат дека во близина има куќи, но пожарникарите се на терен и веќе интервенираат. Наскоро повеќе информации.

Continue Reading

Левица: Што се гори во близина на Орман за Општина Ѓорче Петров да дише токсичен воздух

Покрај загадениот воздух чиј причинител е палењето на дивите депонии во Општина Ѓорче Петров, жителите на оваа скопска општина се жртви и на токсичниот воздух од соседните општини, велат од политичката партија Левица. „Во повеќе наврати алармиравме за често неподносливиот воздух од Општина Сарај, а на кои се принудени жителите на Ѓорче Петров во урбаниот дел на Општината. Овој пат, …

Continue Reading

Дел од населба Железара денеска без вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје извести дека денеска без вода ќе биде улицата Гемиџиска во населбата Железара. – Поради двоење во шахти на улица Гемиџиска, населба Железара, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, велат од „Водовод“.

Continue Reading

Герасимовски: Првачиња, Вашите успеси се и наши успеси, вие сте нашата гордост и иднина

Радост, возбуденост и детска смеа во Паркот на Франкофонијата. Првачињата, во рамки на Детската недела, денеска положија заклетва за прием во Светската детска организација. Во еден глас, сложно, ветија дека ќе бидат вредни и успешни ученици и дека ќе ги почитуваат наставниците. На свеченоста која ја организираше Општина Центар, првачињата ги поздрави и им упати честитки, градоначалникот Горан Герасимовски. „Драги …

Continue Reading

Без струја, денеска, делови од општините Аеродром, Карпош и Гази Баба

„ЕВН Македонија“ известува дека, денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Гази Баба. Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Божин Николов-Силни во општина Аеродром. Во периодот од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Московска, зграда бр. 5 и бр. 7, а …

Continue Reading

Општина Илинден обезбеди продолжен престој и за учениците од второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“

Во ПООУ „Гоце Делчев“ од вчера започна продолжен престој и за учениците од второ одделение, кој го обезбеди градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во продолжениот престој за второ одделение има вкупно 31 дете и се сместени во просторија комплетно опремена за таа намена. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети училиштето и децата, со цел да се запознае …

Continue Reading

Реконструкција на спортска сала во ООУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров

Со менување на подот во училишната спортска сала кој ќе биде заменет со нов гумиран под, бојадисување на салата, но и молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование денеска стартуваше реализација на проектот „Санација и опремување на спортска сала во ООУ „Мирче Ацев“, извести општина Ѓорче Петров. Општината во соработка со Министерството за образование и наука денеска …

Continue Reading

Без вода делови на Гази Баба, Центар, Карпош и Бутел

Поради планирани зафати во водоводната мрежа утре без вода ќе останат неколку населени места. -поради водоводен приклучок на ул. Лазар Поптрајков бр.20 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Лазар Поптрајков и дел од корисниците од ул. Ташко Караџа од 09:00 часот. ( општина Гази Баба ) – поради промена на вентил (затварач) 6/4 на ул. Мирослав Крлежа бр,39 ,прекинато водоснабдување …

Continue Reading