„Пратениците да работат на законското решение кое го понудивме во делот за лиценцирање на негувателките“, рече министерот Велковски при посетата на општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, каде во рамки на средбата посетија неколку локации на територија на општина Илинден. Градоначалникот Георгиевски и министерот Велковски направија увид во градежните активности на доградбата централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“. Со проширување на капацитетот на градинката, ќе се изградаат 4 …

Continue Reading

Заврши целосната реконструкција на детската градинка „Пчелка 2“ во населба Лисиче

Со реновирање на внатрешноста на објектот, Општина Аеродром ја заврши втората фаза од проектот за реконструкција на објектот на клонот „Пчелка 2“ во населбата Лисиче кој е дел од детската градинка „Буба Мара“. Инвестицијата опфати промена на подот, бојадисување на ѕидовите, промена на осветлувањето и комплетна реконструкција на останатите делови од внатрешноста. Градоначалникот Муцунски кој денес ја посети детската градинка …

Continue Reading

Повик за донација за доизградба на Црквата посветена на Свети Никола Мирликијски Чудотворец во Лешок

МОЛБА ДО СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА И НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ. Почитувани и најмили во Христа распнатиот и Воскреснатиот наш спасител!!! Во нашето село Лешок,со помош Божја градиме Црква посветена на Свети Никола Мирликијски Чудотворец, Црквата се гради на стари темели. Објектот е изграден но преостануваат низа други обврски поврзани со него. Во тек е фрескоживопис, изработка на иконостас, а …

Continue Reading

Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, ќе се градат и училиште, градинка и спортска сала

Во посета на општина Гази Баба денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Бобан Стефковски промовираа два проекти. „Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален …

Continue Reading

Отворена младинска канцеларија во општина Илинден

Во просториите на Домот на култура во Марино, денеска беше отворена младинска канцеларија, која има за цел подобрување на квалитетот на живот на младите. На отворањето на младинската канцеларија, покрај младите од општина Илинден, присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, пришто на младите им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики, соопшто општина Илинден. …

Continue Reading

Основното училиште „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана спортска сала

Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Целосната репарација во првата фаза опфати: менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот …

Continue Reading

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на јавна зелена површина за жителите на улица „Киро Крстевски Платник“, во близина на поликлиника Идадија. „Упатувам благодарност до Комерцијална банка што преку оваа донација реши долгогодишен проблем во Општина Центар. Имотот кој општината го добива под владение, првенствено бил во приватна сопственост, а потоа станува имот на банката, …

Continue Reading

„Состојбата на „50 девизија“ е слика кога ВМРО-ДПМНЕ даваше дозволи за градба без паркинг места“, реагира општина Центар

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар, денеска зборува за хаос во паркирањето, ама не зборува дека директен виновник за тоа е нивното 12 годишно недомаќинско работење во општината. Општина Центар потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која издаваше дозволи за градба без доволен број паркинг места за потоа истите да ги пренамени во деловни објекти“, реагира општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. …

Continue Reading

​Започнува асфалтирање на четири улици во село Драчево

Градежни активности за реконструкција на улиците „Корџевска“, „Домазетовска“, „Мишевска“ и „Чучевска“ од денес се одвиваат во селото Драчево. Овие четири сообраќајници претходно беа опфатени со проектот за изградба на водоводна мрежа, која на жителите од овој дел на општината после декади чекање, им обезбеди квалитетна вода за пиење. Во наредните денови ќе се врши гребење и подготовка, по што ќе …

Continue Reading