ВМРО-ДПМНЕ: Загрозено е здравјето на граѓаните во Гостивар, институциите да го расветлат случајот
Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. „Во изминатите денови …
Continue Reading
СДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар полесно ќе се спречи ширење на заразата
Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение. Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. „Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара …
Continue Reading
Пановски за состојбата во Гостивар: Епа браво, 30 отсто од градот е болен, а нема епидемија
Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 се регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град заболеле 30% од населението од иста болест …
Continue Reading
ИЈЗ ја анализира водата во Гостивар, резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството
Институтот за јавно здравје соопшти дека зел примероци од водата на посочени локации во Гостивар, откако Јавното обвинителство побарало да бидат извршени микробиолошки и физичко-хемиски анализи. Екипата на ИЈЗ веднаш излегла на терен, а анализата на земените примероци започнала во раните утрински часови во четврток, веднаш по нејзиното враќање. Постапувањето следува по известувањето од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во …
Continue Reading
Мицкоски: Наскоро ќе се знае кој наредил да се случи ова во Гостивар, ќе има одговорност
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се на терен и дека се испитуваат мостри од водата во Гостивар, додавајќи дека во случајот е вклучено и Јавното обвинителство. „Сите институции се на терен. Се испитуваат мостри од водата, имаме процес кој го води и Обвинителството. Многу скоро ќе се излезе со информација што се случило и кој е тој …
Continue Reading
Епидемија нема да се прогласи додека не се утврди причината за заболувањата во Гостивар, Клековски не верува дека е до храната
Во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во градот. Тој рече дека повеќе институции спроведуваат епидемиолошки анкети и лабораториски анализи за да се утврди дали причинителот е поврзан со бактерии, вируси, паразити, тешки метали или …
Continue Reading
Николоски: Финишираме со реконструкцијата на Охридскиот аеродром, го зголемуваме капацитетот за нови авиокомпании и поголем број на патници
Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ повика на целосна истрага за случајот со водата во Гостивар
ВМРО-ДПМНЕ побара институциите целосно да го истражат случајот со загадувањето на водата во Гостивар, по кој повеќе од илјада граѓани побараа медицинска помош со симптоми на труење, а надлежните привремено забранија користење на водата за пиење. Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, на прес-конференција изјави дека партијата изразува загриженост и осуда за, како што рече, скандалот …
Continue Reading
Левица: Да се испита кој дозволил непроверена вода да влезе во водоводниот систем
Левица соопшти дека информациите оти преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување, доколку тие наводи се потврдат. Од партијата посочуваат дека површинска речна вода не смее непосредно да се внесува во систем за вода за пиење, туку претходно мора да помине …
Continue Reading