Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка: приоритет е спречување на ширење на пожарот кон населените места


786819658_1374856778167616_6775003288231971986_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ЦУК информираат дека од утринските часови има интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак.


На терен е и директорот на центарот Мухамед Али кој заедно со надлежните служби и екипи ја следи и координира состојбата.

„Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места.
На терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси: 3 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми“.

Во моментов, според последната информација од ЦУК, нема опасност за селото Палиград, ниту за другите населени места во областа Каршијак.

Ќе се продолжи со непрекинато следење на состојбата и интензивна интервенција до целосно стабилизирање на ситуацијата, нагласуваат надлежните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK