Герасимовски: Нова инклузивна поддршка за децата и семејствата во Центар, дневен престој и индивидуален третман

Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани …

Continue Reading

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во неговиот дом. „На 18 јули во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 19:30 часот во Ургентниот центар починал В.Т. (70) од Струмица“, соопшти МВР. Според пријавеното, тој бил примен на лекување со повреди здобиени во …

Continue Reading

Прогласена епидемија во Гостивар, утре резултатите од анализите на водата

Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 …

Continue Reading

Владата ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода дневно за граѓаните на Гостивар

Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на …

Continue Reading

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата …

Continue Reading

Денес ќе се одлучува дали ќе биде прогласена епидемија во Гостивар, се апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите

Во текот на денешниот ден ќе биде донесена одлука дали на подрачјето на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, изјави раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, Драган Кочински. Тој посочи дека Институтот е во постојана комуникација со Центарот за јавно здравје и дека сите мерки за контрола и превенција веќе се спроведуваат. „Во комуникација …

Continue Reading

Во Гостивар за едно деноноќие над 350 прегледи поради гастроентероколит, тројца хоспитализирани

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според податоците, во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани. …

Continue Reading

Локацијата во Вруток и натаму обезбедена, резултатите од анализите се очекуваат утре

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а …

Continue Reading

ИЈЗ со препораки до гостиварци: Не ја користете водата од водоводот за пиење, ниту по превривање

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување …

Continue Reading