Гори на седум места низ Македонија: ЦУК регистрира 10 пожари, седум и натаму се активни

Центарот за управување со кризи информира дека денеска, 29 август 2026 година, до 13:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, седум пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати. Активни пожари се регистрирани на територијата на општините: Студеничани и Зелениково – меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, …

Continue Reading

Бучим го одбележа Денот на македонските рудари со награди за вработените

–Во присуство на пратеничката Моника Трајанова, градоначалникот на Општина Радовиш Љупчо Почивалец, претставници на институциите и локалната самоуправа, вработени, соработници и партнери, Бучим го одбележа Денот на македонските рудари. Свеченоста на локацијата Боров Дол, беше посветена на луѓето кои со своето знаење, труд и професионалност го обезбедуваат континуитетот на компанијата и ја продолжуваат рударската традиција на овој крај. Пред присутните …

Continue Reading

Алијанса: 139 деца примени за 48 часа во Тетово, 12 хоспитализирани – „Каде се сега министрите?“

За само 48 часа, 139 деца биле примени на Одделот за педијатрија во Тетово. Од нив, 12 се хоспитализирани. Покачена температура, повраќање и дијареја. Каде се денес предупредувањата? Каде се прес-конференциите? Каде се министрите, директорите и сите оние кои во Гостивар секој преглед и секое јавување ги броеја како аргумент за создавање јавна паника, прашуваат од Алијанса за Албанците. „Во …

Continue Reading

Митовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на рударите, на која годинава беше одбележан и значајниот јубилеј – 10 години успешно работење на „Булмак 2016“ и рудникот „Тораница“. Во присуство на бројни гости, претставници на компанијата и рудари, Митовски упати честитки по повод празникот и оддаде признание на генерациите рудари кои со својот труд, …

Continue Reading

Милош Биковиќ во Берово на средба со градоначалникот

Српскиот актер Милош Биковиќ вчера го посетил Беорово каде имаше средба со градоначалникот. Од Општината објавија дека се зборувало за повеќе идеи за развој и промоција на Берово, а Биковиќ го претставија како македонски актер. „Денеска, во својот кабинет, градоначалникот на Општина Берово Петар Ружински, заедно со претседателот на совет на Општина Берово, Владко Шахпаски, остварија средба со Милош Биковиќ, …

Continue Reading

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и оваа година ја продолжи традицијата на оддавање признание на своите вработени за нивниот труд, стручност и посветеност кон безбедното и стабилно работење на рудникот. За празникот, сите вработени во САСА добија парична награда за своите залагања, додека на вкупно 121 …

Continue Reading

Мртвиот гавран најден во Ресен, во паркот покрај Општината, е заразен со вирусот, вели Клековски

Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонислкиот вирус кај мртов гавран во Ресен. Министерот за здравство Сашо Клековски, смета дека мртвата птица е доказ за локална циркулација на вирусот. „Агенцијата за храна и ветеринарство исто така го потврди мртвиот гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје во паркот покрај општината. Гавранот е генерално стационарна …

Continue Reading

Општина Илинден: Започна изградбата на капела во рамки на локалните гробишта во м.в. Јака, Марино

Општина Илинден информира дека започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во месноста викана Јака, во населеното место Марино. Станува збор за, како што велат, значаен инфраструктурен проект, кој за првпат обезбедува објект од ваков вид на територијата на oпштина Илинден. Новата капела ќе придонесе за подобро уредување и функционално унапредување на просторот на локалните гробишта, обезбедувајќи …

Continue Reading

Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива нов лик, целосната реконструкција е во завршна фаза

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека улицата „Ферид Мурад“, една од најзначајните сообраќајници во Чаир, денес се асфалтира во најголем дел, со што целосната реконструкција на улицата влегува во завршна фаза. Со оваа инвестиција, улицата добива нова и функционална инфраструктура, со што значително се подобруваат условите за сообраќај и секојдневието на граѓаните во овој дел од Чаир. „Улицата …

Continue Reading