Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир

Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба Чаир. Од МВР го потврдија настанот. „На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“. Повредениот е пренесен во ГОБ …

Continue Reading

Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите

Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи се во селата Мала Речица и Голема Речица. Интензивниот дожд траеше повеќе часа, а претпладнево нема врнежи. Силниот и интензивен дожд што вчера попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово е причина за зголемување …

Continue Reading

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на  фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно. Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, порачаа дека има потреба ефикасно …

Continue Reading

Пожарникарите гаснеа три пожари на отворено, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  имало вкупно 2.028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици. Според ЦУК, регистрирани се …

Continue Reading

Јакимовски со детали за легализацијата на тениските терени: МВР не ја познава материјата! Постапката е законска, ова е политички притисок врз мене како градоначалник

Јас и моите колеги одговорно тврдиме дека постапката е спроведена согласно законските прописи и дека нема никаков правен пропуст. Ова е само еден обичен обид политички да се влијае пред локалните избори. Тука не се цел на напад моите пет колеги кои се наведуваат, туку јас како градоначалник, изјави градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција по …

Continue Reading

Инклузивни часови по физичко образование за учебната 2024/25 година

Денеска во ООУ “Толи Зордумис” – Куманово се одржа обука за наставници по физичко образование во врска со успешна реализација на наставата. Истата е организирана од страна на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество “Инклузива”, со поддршка на Сектор за образование и Специјална олимпијада Македонија. Беше …

Continue Reading

СО ПРИГОДНА ПРОГРАМА ОДБЕЛЕЖАНИ 1010 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЦАР САМОИЛ

Со пригодна свеченост што се одржа денеска во големата сала на Општина Охрид, беа одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил. Во рамки на настанот беa изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од  македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска. Како дел од музичката програма, свој настап имаа …

Continue Reading

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ утре (5 октомври) ќе се одржи првата работилница против врсничко насилство организирана во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Почетокот е закажан за 18 часот, а на оваа средба родителите ќе можат подетално да се запознаат со проблемот со булингот и да дознаат како е најдобро да се справат доколку се соочат со …

Continue Reading

Општина Аеродром им додели признанија и парични награди на најдобрите наставници

Најдобрите наставници и стручни соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром денеска добија признанија и парични награди во висина од 10 илјади денари. Признанијата и наградите им ги врачи в. д. градоначланикот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во пресрет на утрешниот Светски ден на наставникот – 5 Октомври. Тој им се заблагодари за нивната посветеност и за љубовта со …

Continue Reading