Празничен турнир во пикадо и шах

Во организација на Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со поддршка на Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК, денеска во ресторан Грација, се оддржа спортски натпревар во пикадо и шах, по повод Ден на градот – 11 Ноември. На празничниот настан учествуваа спортисти од Куманово, Скопје, Штип, Кочани и Битола. Настанот го отвори претседателката на Советот на …

Continue Reading

Димитриевски оствари пријателска средба со делегација од Бугарија

Гостувањето на Драмски театар од Ловеч, Република Бугарија, со романтичната комедија “Здивот на ѓаволот” во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, беше повод за пријателска средба во Општина Куманово. На приемот кај Градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, присуствуваа претседателот на Сојузот на артистите во Бугарија, Христо Мутафчиев – специјален гост и актер во претставата, актерката Богомила Николова, и директорот на НУЦК …

Continue Reading

Изнаоѓање на механизми за спречување на девијантни појави во Општина Куманово – панел дискусија

На иницијатива на Отсек за превенција при СВР – Куманово и Општински совет за превенција на детско престапништво, денеска беше организирана тркалезна маса во ресторан Грација, Куманово. Тема на дискусија беа справување со девијантни појави и проблемот со питачењето кај малолетната популација, односно изнаоѓање на механизми и решенија со кои би се спречиле овие појави. Настанот го отвори претседателката на …

Continue Reading

Герасимовски: Лига Центар започна, доделени стипендии за нашите млади спортски надежи

Општина Центар ја отвори Лига Центар 2024/2025 – училишни спортски игри што ќе го поттикнат спортскиот дух кај учениците од сите осум основни училишта на општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, на свеченото отворање кое се одржа во спортската сала на ООУ „11 Октомври,“ на сите учесници им посака среќа и одлични резултати во спортските дисциплини: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка и шах. …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара

Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век. Средствата се обезбедуваат од страна на Владата на Република Македонија, која по мерката од 250 милиони евра, сега прави нова голема инвестиција во општините, наменета за управување со води. Заложбите утврдени со Меморандумот потпишан со ЗЕЛС …

Continue Reading

Противпожарната зграда влегува во финална фаза

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес изврши увид на градежните активности на противпожарната зграда чија изградба влегува во финална фаза, а воедно во изјава за медиумите ги истакна и поголемите проекти кои се во тек на реализација. Почитувани граѓани, во оваа прилика би сакал да ве информирам за неколку активности кои ги спроведува локалната самоуправа. Територјалната противпожарна единица добива …

Continue Reading

Меџити со апел до општините: Аплицирајте со проекти, уште 50 милиони евра на располагање

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска заедно со премиерот Христијан Мицковски и директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн, одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна …

Continue Reading

Чествувањето на 7 Ноември во понеделник (11 ноември) завршува со Книжевен портрет на Горјан Петревски

На 11 ноември (понеделник), во 19:00 часот, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, ќе се одржи и последниот настан од културно-уметничката програма за овогодишното одбележување на 7 Ноември – Книжевен портрет на авторот на книги за деца, Горјан Петревски. Во рамки на портретот, за творештвото на овој популарен автор, кој …

Continue Reading

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ТИЕ ДОАЃААТ“

Во рамки на свеченостите посветени на празникот 7 – ми Ноември,  денеска напладне во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на третата по ред збирка поезија „Тие доаѓаат“ во избор на Славе Ѓорѓо – Димоски. Книгата е составена од два дела, песни напишани од основци и средношколци. Издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид, а тиражот е …

Continue Reading