Претседателката кај пожарите на Серта: Кога ќе престанат огновите веднаш да го препрочитаме Законот за управување со кризи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара веднаш да се препрочита Законот за управување со кризи и целосно преиспитување на организацијата внатре, со цел подобро и полесно справување со пожарите кои речиси секое лето ја зафаќаат државата. Таа е уверена во способноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и пожарникарите. -Го слушав Стојанче и …
Continue Reading
Превентивни кампањи за заштита од пожари за туристите кои патуваат преку Галичица
Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Св.Наум“ и претставници на Јавната установа „Национален парк Галичица“, деновиве спроведуваат превентивно-едукативна кампања. Имено, тимови од полициски службеници и претставници на Националниот парк, кај кракот што од регионалниот пат Охрид – Св.Наум води кон туристичката населба Отешево, на …
Continue Reading
За првпат отворена лабораторија за испитување на квалитетот на водата во Општина Илинден
Од денеска е пуштена во употреба нова лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење со која ќе раководи ЈКП „Водовод“-Илинден, а се отвора за првпат од основањето на претпријатието. На отворањето на лабораторијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот истакна дека лабораторијата е опремена со најсовремена апаратура и …
Continue Reading
„Покажавте голема пожртвуваност и без вас исходот можеше да биде катастрофален за Битола“: Коњановски со иницијатива за доделување на награда за пожарникарите
На првата следна седница на Советот на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски ќе поднесе иницијатива, за доделување награда од страна на Советот на општина Битола на вработените во Територијалната противпожарна единица, за нивното особено залагање и максимално ангажирање во гаснењето на пожарите и справувањето со огнената стихија над градот. „Од првите кризни моменти на теренот, кога започна пожарот во понеделникот …
Continue Reading
Асфалтирање краци на улицата 1 во Ново Село – Ѓорче Петров
По неколку децении се решава еден од најгорливите проблеми за жителите во Ново Село, односно асфалтирање на краците на улица 1. Се работи на четири краци на улицата со вкупна должина од 200 метри и вкупна површина од 600 м². На три краци се поставени бекатон плочки, а на еден крак е поставен асфалт. -Со ова се решава децениски проблем …
Continue Reading
Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште во населено место Миладиновци, кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци. На игралиште целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено е ново лед осветлување, извршена е …
Continue Reading
Мештаните со гранки и лопати го гаснеа пожарот кај Шивец во Кавадаречко, селото е спасено
Нема повеќе опасност по кавадаречкото село Шивец, изјави првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. За кратко ќе биде воспоставена целосна контрола, рече Ангелов, кој заслугите му ги прпиша на локалното население кое се искачило на ридот за да си го спаси селото. „Локалното население со лопати и со гранки успеа да ги совлада огнените јазици“, рече …
Continue Reading
(Видео) Пожар му се заканува на кавадаречкото село Шивец
Пожар му се заканува на кавадаречкото село Шивец. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека горат сува треба и трња, но ако продолжи, пожарот ќе се спушти во долот многу бргу. Предупреди дека во близина има и црква и други дрва кои нема да биде можно да се изгаснат. Пожарникарите ќе бидат распоредени на местото, а …
Continue Reading
Кисела Вода – прва општина која обезбедува бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки третмани
Општина Кисела Вода е првата општина која обезбеди бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки третмани за децата кои имаат ваква потреба, како и и психоедукација и стручна поддршка за нивните семејства. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес потпиша Меморандум за соработка со Центар за психофизичко здравје „Гаспар“. Согласно договореното, во новоотворените простории на оваа институција во Припор, кои ги обезбедува Општина Кисела Вода, …
Continue Reading