Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода

Општина Кисела Вода продолжува со посветена поддршка за најмладите жители и нивните семејства. Денес Советот на Општината едногласно одлучи еднократната парична помош за семејствата со новороденчиња двојно да се зголеми. Со оваа одлука, износот кој досега беше 6.000 денари се зголемува на 12.000 денари, со што се овозможува значајна помош за родителите во еден од најважните моменти во нивниот живот. …

Continue Reading

7.000 денари за секое новороденче: Стојкоски со нови поддршки за граѓаните на Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, продолжува со посветената работа за подобрување на условите за живот на сите граѓани. Со цел да се поддржат младите семејства и да се поттикне населението, општината донесе значајна одлука за зголемување на надоместокот за новороденче од 5.000 на 7.000 денари. Денес градоначалникот Стојкоски потпиша нови решенија за оваа поддршка, со што се потврдуваат …

Continue Reading

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Шесте онколошки лекови кои недостасуваат ќе бидат обезбедени неделава, уверува и денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, откога онколошки пациенти се пожалија дека веќе една недела немаат терапија. Еден дел од лековите  ќе бидат обезбедени со донација, а другиот дел со анекси на договорите. „Се разрешуваат проблемите со недостиг на онколошките лекови и ќе бидат многу брзо …

Continue Reading

Изградена „Ѓоко Тутушев“ во Гевгелија

По долги години, улицата „Ѓоко Тутушев“ во Гевгелија е целосно завршена со изградба на атмосферска и фекална канализација. По завршувањето на зафатите за комунална инфраструктура, улицата е покриена со нова асфалтна подлога. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во врска со изградбата на оваа улица изрази благодарност до сите жители кои беа трпеливи и секојдневно фунционираа во отежнати услови додека …

Continue Reading

Општина Гевгелија во 2025 година со финансиска поддршка од 8.350.000 денари за развој на културата

На последната 56. седница, Советот на Општина Гевгелија ја донесе Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2025 година. И годинава, Општина Гевгелија ќе ги поддржи локалните институции, физички лица и НВО-организации за реализација на културни активности, за што од Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година се издвоени 8.350.000 денари. …

Continue Reading

Герасимовски на класен час со учениците разговараше за булинг и ментално здравје

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, утрово присуствуваше на класен час во ООУ „Коле Неделковски“ кадешто се водеше дискусија со учениците за важни теми како што се врсничко насилство (булинг) и ментално здравје. Посетата на Герасимовски беше во рамки на препораките коишто неодамна беа прифатени од сите основни училишта во Центар за поквалитетна настава во образовниот процес, што вклучува забрана …

Continue Reading

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Барам веднаш Градот Скопје и Арсовска да го исчистат ѓубрето, недозволиво е центарот да изгледа вака

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека „градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски и утрово, ѓубрето не е исчистено од улиците на Центар под чија надлежност е градот“. „Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар кадешто градот и …

Continue Reading

Делови од Радишани и Гази Баба утре без вода

Делови од општините Радишани и Гази Баба ќе останат без вода во текот на утрешниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Поради замена на вентил, без вода од девет часот ќе бидат ќе бидат корисниците од улицата „Боро Кралевски“, како и дел од „АФЖ“, „Киро …

Continue Reading