Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Klekovski-onkoloski-oddeli.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шесте онколошки лекови кои недостасуваат ќе бидат обезбедени неделава, уверува и денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, откога онколошки пациенти се пожалија дека веќе една недела немаат терапија. Еден дел од лековите  ќе бидат обезбедени со донација, а другиот дел со анекси на договорите.


„Се разрешуваат проблемите со недостиг на онколошките лекови и ќе бидат многу брзо решени. Сега доаѓам од состанок со директорот на Клиниката. Еден дел ќе бидат решени со донации кои ќе се реализираат во текот на неделата бидејќи лековите се присутни во Македонија, ги има на залиха, а дел ќе бидат со анекси на договорите. Тоа го расчистуваме денес и утре со јавните набавки, па мислам дека критичните лекови многу брзо ќе бидат достапни“, рече директорот Клековски.

Тој оваа недела очекува да биде одобрено речиси двојно зголемување на условниот буџет, пари со кои ќе се дуплира и набавката на некои од критичните лекови.

„ Од 3-3,5 илјади вијали бројот на лекови ќе се зголеми на  6-7 илјади вијали годишно со тоа што таму мора да се разгледа и децентрализација на терапијата. Гледаме дел од таблетарната форма да биде на позитивна листа за да може да се подига надвор од Онкологија и ќе бараме начин како дел од биолошката терапија да се доделува надвор од Клиниката за онкологија. Ние имаме онколошки одделенија во ‘8 Септември’, Штип, Битола и во Тетово кои во овој момент не третираат со биолошка терапија. Или ќе третираат или нема потреба да имаме онколошки одделенија што не работат“, рече директорот Клековски.

Според неговите очекувања состојбата дополнително ќе се стабилизира регистарот на пациенти кој треба да обезбеди предвидливост на промените.

Министерот за здравство, Арбен Таравари нагласи дека недостасуваат само шест лека од биолошката терапија за онколошките пациенти за која има зголемена потреба.

„Нема недостаток на целата онколошка терапија, 90 отсто од лековите кои се користат како онколошка терпија ги има во Клиниката за онкологија. Недостасува биолошка терапија и тоа само шест- седум дена. Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија“, рече министерот Таравари.

Недостатокот на кадар Клинката за онкологија, исто како и останатите клиники во земјава, Таравари очекува да почне да се решава со одобрените вработувања за кои се обезбедени сите дозволи и се чека согласност од Министерството за финансии.

Министерот Таравари објасни дека размислуваат за реорганизација на Клиниката за онкологија по примерот на Токсикологија, односно функционирање со единствена дирекција во која директорот ќе ги управува сите единици кои ќе бидат низ градовите каде што ќе може да се подели или да се ординира онколошка терапија. Во таа насока најави дека интензивно работат „8 Септмеври“ набргу за почне да функционира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK