Општина Гевгелија во 2025 година со финансиска поддршка од 8.350.000 денари за развој на културата

459573852_122202802154020899_2886680309916117999_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На последната 56. седница, Советот на Општина Гевгелија ја донесе Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2025 година. И годинава, Општина Гевгелија ќе ги поддржи локалните институции, физички лица и НВО-организации за реализација на културни активности, за што од Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година се издвоени 8.350.000 денари. Согласно Конкурсот за поднесување предлог-проекти за 2025 година, финансиска поддршка ќе добијат вкупно 42. носители на проекти. Поддржани се програмските активности на трите Јавни општински установи Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија и Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, традиционалните манифестации „За тебе љубов моја“, „Бош 2025 година“, „Гевгелиско културно лето“, „Фолклорен ѓердан“, како и голем број театарски претстави, фолклорни концерти, музички настани, издавање книги, повеќедневни фестивали и сл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK