Се одржа манифестацијата „Македонија живее” во Гази Баба

Вчера, на плоштадот во Автокоманда во организација на општина Гази Баба се одржа манифестацијата во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Пред граѓаните свое обраќање имаа градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и Министерот за локална самоуправа Златко Перински. „Денес кога одбележуваме 33 години од нашата независност, имаме должност да ги прелистаме страниците на долгата македонска …

Continue Reading

„Гола месечина“ во Аеродром од 10 до 14 септември, стендап-настапи за многу смеа и забава

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ по 11. пат ќе се одржи во Општина Аеродром од 10. до 14. септември, а овој пат театарските завеси пред публиката ќе бидат кренати во паркот „Авионче“. Годинешното издание на фестивалот е во духот на стенд-ап настапите на познати актери и комичари кои се веќе докажани и препознатливи уметници кај љубителите на театарската уметност, како …

Continue Reading

14-годишник фрлал пиротехнчки средства, расчистен случајот со пожарот во Расадник

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во …

Continue Reading

Кино на отворено и фудбалски турнир викендов во Ѓорче Петров

Нотите на чалгиската музика вчеравечер беа во центарот на збиднувањата во Ѓорче Петров. Чалгискиот концерт кој се одржа во паркот на популарното „Корзо“, остави само позитивни емоции и посебни моменти за присутните. „Ај засвирете ми чалгии“ и „По друм одам мајче“ беа само дел од безвременските хитови во изведба на групата „Чалгии“. Истовремено со музичкиот настан, граѓаните имаа можност да …

Continue Reading

Кисела Вода повторно субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата

Кисела Вода и годинава субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата.  Денес на општинската веб страница е објавен јавен повик за двата типа на поддршка кои на жителите од овој дел на градот треба финансиски да им помогне во подмирувањето на сметките за загревање на домот. Согласно наведените критериуми, субвенционирањето за кофинансирање за набавка на пелети за домаќинствата на …

Continue Reading

Герасимовски: Новата трпезарија во ООУ ,,11 Октомври“ реконструирана по мерка на децата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го посети основното училиште „11 Октомври“, каде пред стартот на новата учебна година темелно е реконструирана училиштната трпезарија. Во трпезаријата на површина од 165 квадратни метри се заменети старите дотраени плочки, поставени се дрвени облоги на ѕидовите, а старите врати се заменети со нови ПВЦ врати. Набавен е комплетно нов модерен мебел. Новите маси …

Continue Reading

Изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во Бучинци

Општина Илинден почна со изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки на детското игралиште ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи. Дополнително во рамки на детското игралиште се гради кошаркарско игралиште со бетонска подлога, кош и партерно уреден …

Continue Reading

ОДБЕЛЕЖАНИ 15 ГОДИНИ ОД НЕСРЕЌАТА НА БРОДОТ „ИЛИНДЕН“

Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 15 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи. Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија. Несреќата се случи на 5-ти септември …

Continue Reading

Работилница во рамки на втора фаза од проектот “Поврзување на локални патишта и улици”

Општина Куманово беше домаќин на повеќе општини во Македонија, вклучени во проектни активности за подобрување на патната инфраструктура во општините – RAMS, како втора фаза од проектот “Поврзување на локални патишта и улици”. Овој проект е финансиски поддржан од Светска банка, во имплементација на Министерство за транспорт и врски и општина Куманово, која е една од 16-те успешни општини во …

Continue Reading